Вирусот Зика го создадоа Американците: Биолошко оружје за контрола на популацијата

Американскиот професор и експерт по право, Франсис Бојл, кој работеше на биолошкото оружје кое се користеше во борбата против тероризмот во 1989 година, тврди дека вирусот Зика кој во моментов се шири низ Латинска и Средна Америка, настанал по ист пат како биолошкото оружје.Тој верува дека некој сакал овај опасен микроорганизам, кој инаку е отркиен на почетокот на 20 век во една врста на мајмун, да стани резистентен и полесно пренослив од човек на човек.
„Американската влада од 11 септември 2001 година вложуваше по 100 милијарди долари за  истражување на билошкото оружје. Зика вирусот е еден од начините за контрола на популацијата”- вели Бојл и потсетува на епимедијата Ебола од минатата година.
Инаку вирусот Зика молскавично се шири во светот.
До сега во Европа регистрирани се заболени во Холандија, Велика Британија, Италија, Данска, Шведска и Швајцарија.
Шефицата на Светската здравствена организација Маргарет Чан изјави дека вирусот Зика „експлозивно се шири“ и повика на итен состанок на независни експерти да одлучат дали епидемијата треба да се прогласи за меѓународна здравствена вонредна состојба.
Вирусот Зика, кој се шири од комарци од сортата „aedes aegypti“, е осомничен како главен виновник зад бранот од вродени дефекти кај новороденчиња во Бразил. Некои трудници заразени од овој вирус родиле бебиња со сериозно недоразвиен мозок и глава.
Бројот на новороденчиња родено со мали глави во Бразил порастил на 4 072 во однос на 3 718 случаеви недела дена порано.
СЗО предвидува дека три до четири милиони луѓе ќе бидат инфицирани во Америка оваа година, иако повеќето нема да развијат симптоми.
Последните инфорамации покажаа и дека вирусот може да се пренеси преку сексуален однос. Надлежните органи од Далас соопштија дека пациентот бил инфициран со вирусот откако имал сексуален контакт со заболено лице кое се вратило од земја во која вирусот е присутен.  Според најнови информации, се работи за Венецуела.Тој верува дека некој сакал овај опасен микроорганизам, кој инаку е отркиен на почетокот на 20 век во една врста на мајмун, да стани резистентен и

Пронајдете не на следниве мрежи: