Висар Муслиу е нов фудбалер на Вардар

Висар Муслиу е нов фудбалер на Вардар, објави денеска на клупскиот сајт старо-новиот шампион на Македонија.22-годишниот стопер кој досега беше член на Ренова потпиша три годишен договор со „црвено-црните“.
Муслиу во својата кариера настапуваше за младинската екипа на Гостивар, потоа замина во Ренова, а дел од кариерата мина и во швајцарскиот Сент Гален. Се врати во Ренова во 2015 година, и настапуваше се до завршувањето од оваа сезона, а од идната ќе го носи дресот на шампионот.
Новиот вардарец истакна задоволство од соработката со најтрофејниот македонски клуб.
– Многу сум среќен што ќе бидам дел од Вардар. Дојдов тука да освојувам титули и да играм во Лигата на шампионите. Јас ќе дадам се од себе да се наметнам, да ја оправдам довербата на стручниот штаб и на раководството на клубот. Се надевам дека со добри игри ќе придонесам тимот да освојува уште шампионски и Куп пехари, и да бележи успеси во Европа, рече Муслиу.
Познавам многумина играчи во Вардар, ми кажаа многу убави зборови за клубот, дека се работи на максимално професионално ниво и дека од година во година амбициите се сè поголеми. Се радувам на овој предизвик, и сега на мене е со напорна работа да се докажувам и да напредувам во овој клуб додаде младиот фудбалер.
Дефанзивецот ќе биде дел од младинската репрезентација на Македонија која ќе настапува на Европското првенство во Полска овој месец, со што Вардар доби уште еден репрезентативец од таа генерација во своите редови покрај Игор Алексовски, Дарко Велковски, Бесир Демири, Бобан Николов и можеби и Петар Петковски.22-годишниот стопер кој досега беше член на Ренова потпиша три годишен договор со „црвено-црните“.
Муслиу во својата кариера на

Пронајдете не на следниве мрежи: