Висок само 89 сантиметри, а веќе има 21 година

Иако физички е далеку влезен во зрелоста, 21-годишниот Ник од Атланта е еден од најмалите луѓе во светот, висок е колку тригодишно момче.
Ник Смит е висок 89 сантиметри, иако неговите двајца браќа се високи дури 1,98 м. Тој е еден од стотина луѓе од целиот свет со неверојатно ретка форма на џуџест раст.
„Иако е Ник многу понизок од мене, тој е мојот постар брат и секогаш земам пример од него“, вели осумнаесет годишниот Леви.
„Често се шегувам со Ник дека јас со Леви сме ги земале сите високи гени, па затоа е тој толку помал. Тоа е навистина иронично, бидејќи целото семејство сме високи“, вели Травис.
За жал животниот век на луѓето со оваа форма на џуџест раст во главно е краток, многумина умираат пред да ја достигнат возраста на Ник.

Минатата година во октомври, лекарите откриле дека Ник има потенцијално фатална аневризма која е како темпирана бомба.
„Ужасно е чувството да знаете дека може да пукне во секој момент и дека тоа е крајот“, вели мајката на Ник Шели.
Научниците се обидуваат да откријат што е тоа што го предизвикува овој тип на пореметување.
„Ние веруваме дека оваа болест ја успорува клеточната делба и ги прави луѓето ниски“, вели Ендрју Џексон, генетичар од Единбург.
На американската телевизија ќе биде емитуван документарниот филм, во кој филмска екипа ќе го следи Ник кој ќе се подложи на операција за „поправување“ на аневризмата. Тоа е буквално трка со времето и мајката на Ник е свесна за тоа.
„Ник е многу весела и шармантна личност. Тој е како дете кое никогаш не порасна, која мајка тоа не би го посакала? Ние би сакале да му го продолжиме времето со своето семејство колку што е можно повеќе“, вели Шели.
Иако физички е далеку влезен во зрелоста, 21-годишниот Ник од Атланта е еден од најмалите луѓе во светот, висок е колк

Пронајдете не на следниве мрежи: