Како дел од последната анкета за задоволството на граѓаните од работата на Општина Аеродром што неодамна беше спроведена на 2.721 репрезентативен примерок, меѓу другите, беа и прашањата „Дали сте задоволни од работата на градоначалникот на Општина Аеродром?“ и „Дали сте задоволни од работата на администрацијата на Општина Аеродром?“.На првото прашање дури 77% од анкетираните граѓани одговорија позитивно, 15% негативно и 8% немаа одговор. Граѓаните, исто така, искажаа голем процент на задоволство од работата на администрацијата, при што 68% од анкетираните граѓани одговорија позитивно, 15% негативно и 17% немаа одговор.
Висок процент на задоволство аеродромци искажаа и за најголемиот дел од проектите што ги работи Општината, кои беа составен дел на анкетата. Инаку, Општина Аеродром редовно спроведува испитување на јавното мислење со цел да го слушне ставот на граѓаните за проектите што ги реализира.
Мислењето на граѓаните и нивното задоволство од работата на Општината е важно за креирање на стратегијата и програмата за работа во наредниот период.
Резултатите од анкетата во делот на проектите покажаа дека Општина Аеродром се движи во добра насока и затоа таа ќе продолжи да инвестира во инфраструктурата и образованието, како и во изградба на спортски објекти и паркови.
На првото прашање дури 77% од анкетираните граѓани одговорија позитивно, 15% негативно и 8% немаа одговор. Граѓаните, исто така, искажаа голем проц