ВИСТИНА ЗАМОТАНА ВО ТЕПИХ: Фабриката за лажни пасоши била во домот на Чаушот

На површина излегоа фотографии на кои јасно се видливи детали што упатуваат на заклучокот дека во истата соба каде што се снимени лажните пасоши, многу често престојувал Захир Бекири – Чауш, член на СДСМВистината, макар и да е замотана во тепих, секогаш излегува на виделина. Овој пат, токму тепихот ја разоткрива аферата со фабриката за лажни пасоши. На површина излегоа фотографии на кои јасно се видливи детали што упатуваат на заклучокот дека во истата соба каде што се снимени лажните пасоши, многу често престојувал Захир Бекири – Чауш, член на СДСМ и главен осомничен во аферата со лажните лични карти. Претпоставките се дека истата таа просторија е токму домот на Чаушот.
Имено, во ноември 2014 година неделникот „Фокус“ објави дека е разоткриена афера со печатење лажни пасоши. Притоа, повикувајќи се на достава од, наводно, анонимен граѓанин, беше објавена видеоснимка на која се гледа домашна просторија, која е претворена во импровизирана работилница за изработка на пасоши. 
Снимката што се појави беше направена од мобилен телефон, кој во период од 45 секунди набрзина „фати“ кутии со готови пасоши, пасоши што се во процес на изработка, како и компјутер на кој се обработуваат податоци за нов патен документ.
Во исто време, тоа што ја заинтригира тогаш јавноста е кој е ликот што се појавува на снимката. Со оглед дека на снимката беа прикажани само неговите стапала, тоа не можеше да се открие. Но камерата на подот, освен машките стапала, пасошите и кутиите, забележа и нешто друго.
Тоа беа тепихот и шарите. Сам по себе, доколку се цитира дијалог од филмот „Балканкан“ , тоа е тепих како тепих, обичен тепих. Но доколку истиот тој тепих и тие шари се појават и на некоја фотографија, на која нема пасоши, тогаш приказната може да добие сосема друг тек.
 
Така и во овој случај. Се појавија фотографии на кои се наоѓа токму лицето, познато како главен „менаџер“ на фабриката за афери, односно Бекири – Чауш. На фотографијата се гледа дека тој е во придружба со други луѓе. Но фокусот на вниманието овој пат не е во луѓето во просторијата, туку во тепихот.
Тој ги има истите шари, истиот дезен, истата боја како тепихот што се појавува и во видеоснимката каде што е прикажана импровизираната работилница за лажни пасоши. Се поставува прашањето, дали и некој од двајцата ликови што се појавуваат на снимката е токму Чаушот и дали таа е снимена токму во истата таа соба, односно во неговиот дом.
Колку за потсетување, истиот тој беше фотографиран заедно со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и тоа во неговиот партиски кабинет. Во јавноста се појавија и информации дека Чауш бил во комуникација и со техничкиот министер за внатрешни работи, кој е од редовите на СДСМ, Оливер Спасовски.
 
Во фабриката за лажни лични карти беа откриени и 70.000 снимени разговори, кои се претпоставува дека се дел од т.н. „бомби“ на Заев. Спасовски не даде конкретни одговори за што комуницирал со Чауш. Новите сознанија, пак, го отвораат прашањето – кој навистина стои и зад фалсификуваните пасоши.
 
Колку за потсетување, аферата со лажните пасоши беше објавена на крајот од ноември 2014 година во неделникот „Фокус“, кој по пишувањата е близок на опозицијата. Тие ја објавија и снимката на која се гледа дека има две лица во собата.

Едното од лицата зборува на телефон. Тоа што може да се чуе од разговорот е следново: „А бе, кој ќе се расправа сега, мајката нивна комунистичка. А бе, слушај, батали ги таму, што ги онадиш. Дајте, ајде соберете се, ајде ти, ти, тоа, тоа, ајде работи. Дотерувај ги работите, нека одат работите таму, што е тоа?“
Следува пауза, па разговорот продолжува: „Ма не ги шајкали ич, ајде терај, знаеш што треба да работиш. Ајде вози“.
 
Извор: Телеграф.мкВистината, макар и да е замотана во тепих, секогаш излегува на виделина. Овој пат, токму тепихот ја разоткрива аферата со фабриката за лажни пасоши

Пронајдете не на следниве мрежи: