Вистината не може да биде жртвувана во името на добрососедските односи!

Професорот Љубомир Цуцуловски на „Фејсбук“ се изјасни за заедничката историја која Заев ја промовираше при посетата на Бугарија. Го пренесуваме неговиот текст:ЗАЕДНИЧКА ИСТОРИЈА. Во понеделникот (19.06.2017) Зоран Заев, во духот на секој полуук автократ, изјави дека од македонските учебници ќе биле отстранети сите делови во кои се говори за бугарската реокупација на Македонија, без претходно да се консултира со било која македонска научна или образовна институција, почнувајќи од Институтот за национална историја, па до МАНУ. Едноставно, човекот така одлучил – и, точка! Можеби некого ќе го збуни мојата употребата на терминот „реокупација“. Меѓутоа, овој термин не го употребив случајно, бидејќи Македонија претходно (во периодот меѓу двете Светски војни) беше под српска окупација, во рамките на Кралството Југославија. Според тоа, влегувањето на бугарските трупи на тлото на Македонија (1941) значеше само замена на една окупација (српска) со друга (бугарска и фашистичка) окупација. Меѓутоа, за апартната особа Заев ниту постоела бугарска окупација, уште помалку постоела бугарска фашистичка окупација, макар што Царството Бугарија беше дел од тројната оска. Наедно, овој „велеучен“ човек истакна дека македонската и бугарската историја биле блиски. Би можело да се рече дури и идентични. Затоа, некои историски празници ќе се славеле заеднички.
ЗАЕДНИЧКА ИСТОРИЈА. Во понеделникот (19.06.2017) Зоран Заев, во духот на секој полуук автократ, изјави дека од македонските учебници ќе биле

Пронајдете не на следниве мрежи: