Вистината за Хурем Султан

Хурем Султан била вистинска светица за познатиот Величенствен кој владеел од 1520-та година, па се до неговата смрт.
Кај нас периодов е доста актуелна турската серија „Велинченствениот“, каде што главна атракција е Хурем Султан која плени со својата убавина и однесување. Но, дали знаете која е вистината за Хурем Султан? Зошто таа била важна фигура во харемот на Велинченствениот?
Вистинската Хурем Султан била првата робинка во харемот која станала Султанка. Таа уште со својата прва појава го освоила срцето на Султанот, пред се со својата убавина и див дух. Хурем била првата жена со која некој султан се оженил. Тоа се случило прв пат по четири века на владеење на Султаните, кои имале свои хареми, но не и свои жени.
Покрај тоа, Хурем е единствената Султанка која по раѓането на Принц наследник и било дозволено да остане во дворецот и да живее со Султанот цел живот.
Хурем Султан е единствената жена која имала улога на советник на Султанот. Таа станала највлијателната личност во Отоманската империја, по Султанот. Изградила многу народни кујни во Мека и Медина, комплекс објекти со џамии во Ерусалим и многу други работи.
Хурем била гледана како божица и со нејзината појава пленела голем број срца. Сите жени во харемот и љубомореле и сакале да бидат на нејзиното место. Таа градела верски училишта и објекти и секогаш се грижела за доброто на народот.
Многумина се прашуваат како всушност изгледала оваа жена. Таа најверојатно била заносна со својата убавина чим веднаш го освоила Величенствениот.
Нејзината портокалова коса и уникатните облини биле доволни за Велинченствениот да ја изгуби главата и да и даде на оваа жена се што ќе посака.
По нејзината смрт во 1558-та година, Султанот својата најголема љубов ја погребал во мевзолеум чии ѕидови ја претставувале радоста на рајот.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Хурем Султан била вистинска светица за познатиот Величенствен кој владеел од 1520-та година, па се до неговата смрт.

Пронајдете не на следниве мрежи: