Последниот македонски пророк, долгометражен документарен филм инспириран и посветен на Евагелија Сурчева –баба Ванѓа е проект на Канал 5 продукција. Документарецот се снима на локации во Струмица и Ново Село, а следната недела продукцијата на Канал 5 заминува во Софија, Петрич и –Рупите- храмот на баба Ванѓа.Сценарист на документарниот филм е Петар Трајков, извршен продуцент Игор Соколовски, а режисер Јани Бојаџи. Проектот е во целост во продукција на Канал 5 телевизија и ќе се емитува во есенската програмска шема .
Документарецот ја опфаќа вистинската приказна за последниот македонски, а не бугарски пророк, Баба Ванѓа.
– Вистината за Македонија и македонските збиднувања беа свесно избегнувани, но еве овој пат се осврнавме на едно важно прашање за Македонија и Македонците, а тоа е создавањето на документарниот филм „Последниот македонски пророк“, каде се зборува за баба Ванѓа, каде за прв пат се изнесува вистината за неа, вели актерот Младен Крстевски, кој е дел од екипата која работела на реализација на овој проект.
Тој додава дека направени се повеќе документарци за Баба Ванѓа, но овој македонски документарен филм ќе биде исклучителен по тоа што за прв пат во самиот документарен филм ќе се видат и оригиналните документи за потеклото на Баба Ванѓа.
-Во претходните документарци кои што ги снимаа другите држави немаа сигурни документи, некои од нив беа невалидни, па за прв пат во овој докуентарец ќе бидат прикажани оригиналните документи. Има неколку сведоци од времето на Баба Ванѓа кои што ја познавале лично и комуницирале со неа и мислам дека тоа ќе бидат многу драгоцени информации за самиот филм и секако и за јавноста, вели Крстевски. Документарецот на Канал 5 ќе се емитува денеска и утре со почеток од 19:30 часот.
Нема дилеми: Официјалните документи потврдуваат дека Ванѓа е Македонка
Дека баба Ванѓа е македонска државјанка потврдува нејзниот бугарски пасош кој е издаден за престојот на Ванѓа во соседна Бугарија. Факт е дека Ванѓа е Македонка од нејзиното раѓање. Ванѓа е родена во 1911 година во Струмица (во пасошот е запишан датумот 3 октомври 1911, денот кога е евидентирано нејзиното раѓање). Познатата пророчица е родена под името Евангелија Сурчева, за време на вледеењето на Отоманската империја со Македонија. По нејзиниот татко Панде подоцна го добива презимето Пандева, скратено Ванѓа Пандева.
За време на Балканските војни и по Првата светска војна, во Струмица се менувале многу власти и вршеле асимилирање на населението. Најпрво Бугарија, каде Струмица припаѓа до 1919 година, а потоа Струмица влегува во кралството на СХС, па Грција и Југославија.
Но струмичани отсекогаш се сметале како дел од македонскиот етникум, па така и граѓаните се декларирале како Македонци. Таков е и случајот со Ванѓа, што може да се потврди од нејзиниот пасош.
Ванѓа до 1942 годна живее во Струмица, потоа се мажи за Димитар Гуштеров и се преселува во Петрич, по што го добива презимето Гуштерова. При издавањето на нејзиниот бугарски пасош јасно е наведено дека таа по националност е Македонка.
Tатко и Пандe бил Комита, партизанот Васил Сурчев роден брат
Вангелија била родена во семејството на Панде Сурчев и Параскева како нивно прво чедо. Нејзината мајка починала при раѓањето на второто дете, во 1914 година.
Панде Сурчев е роден во Ново Село и таму живее до 1910 година. Панде бил комита и лично ги познавал Делчев, Чернопеев, Сандански. По младотурската револуција 1908 година бил ослободен. Учествувавал и во Првата светска војна. Малку по завршувањето на Првата светска војна, околу 1919 година, нејзиниот татко Панде се оженил по втор пат, за Танка Георгиева, од која имал уште три деца Васил, Томе и Љубка. При раѓањето на четвртото дете, и Танка, втората сопруга, починала, во 1928 година. Панде Сурчев починал на 8 ноември 1940 година, а неговиот гроб се наоѓа на католичките гробишта во Струмица.Сценарист на документарниот филм е Петар Трајков, извршен продуцент Игор Соколовски, а режисер Јани Бојаџи. Проектот е во целост во про