Врховниот суд на САД, донесе одлука со која го има приморано Институтот Смитсонијан (Smithsonian Institution) да објави доверливи документи кои датираат уште од раните 1900-ти.Станува збор за археолошки сознанија кои според тврдењата на Американската установа за алтернативна археологија (AIAA), докажуваат дека постои голема организација која е вклучена во историско криење на докази за тоа дека порано постоела џиновска човечка раса.
Наводно, станува збор за прикривање на десетици илјади археолошки докази кои биле собирани на територијата на Америка, од кои поголем дел се уништени зашто нивното постоење ја руши Теоријата за еволуцијата и наивната приказна за „алката од синџирот која недостасува“.
Американската установа за алтернативна археологија, јавно го обвини Институтот Смитсонијан дека намерно уништи илјадници посмртни остатоци од раните 1900-ти години, што резултирало со тужба за клевета, бидејќи од Смитсонијан сметаат дека тоа бил потег за намерно уништување на угледот на оваа 168 години стара институција.
Кога по тужбата за клевета било покренато судење, биле откриени елементи на заговор: „свиркачи“ од Институтот го потврдиле постоењето на документи за уништување на десетици илјади човечки костури кои биле со висина од 6 до 12 метри, потврди гласноговорникот на AIAA, Џејмс Чурвард, додавајќи:
„Очигледно е постоењето на масовен заговор за прикривање на докази од страна на западните археолошки установи уште од раните 1900-ти години, а сето тоа за да нѐ убедат дека Америка била прва колонизирана земја од страна на азиските народи кои наводно мигрирале преку Беринговиот теснец пред околу 15.000 години. Тоа се обиди со кои треба да се прикрие вистината за постоењето на гробови ширум Америка за кои и самите староседелци (Индијанците) велат дека постоеле пред нив, а кои покажуваат траги на високо развиена цивилизација, способна за користење на софистицирани метални легури“.
Пресвртот во судскиот спор се случил кога 1,3 метри долга бутна коска (откриена во Охајо 2011 година), била прикажана како доказ за постоењето на други такви човечки коски.
Овој доказ дошол како огромен удар кој му беше нанесен на Институтот Смитсонијан.
Американската установа за алтернативна археологија изнесе и доказ дека еден од кустосите од Смитсонијан кон средината на 1930-те години чувал коска за која пред смртта признал (во пишан облик) дека ја чувал во тајност зашто добил таква наредба од Смитсонијан.
Во неговото пишано сведочење стои: „Тоа е страшна работа, бидејќи се чини дека се крие вистината за предците на денешните луѓе – нашите предци, џиновите кои скитале по Земјата.“
Врховниот суд на САД го присили Институтот Смитсонијан јавно да ги објави доверливите информации во врска со „уништувањето на доказите за гробовите и археолошките наоѓалишта кои сведочат за човечки костури кои ја надминуваат просечната висина.“
Судот одреди јавното објавување на доказите да започне во 2015 година, а процесот ќе биде координиран од страна на независна научна организација, со цел да се осигура политичка неутралност.
Треба да се напомене дека постоењето на џиновска човечка раса во минатото се спомнува во светите книги на христијаните и муслиманите.
Станува збор за археолошки сознанија кои според тврдењата на Американската установа за алтернативна археологија (AIAA), докажуваат