Вистинскиот „Кум“ се спасил од 26 убиства

 Во книгата која излегува деновиве – „Договор со ѓаволот“, новинарот Питер Ленс опишува како мафијашкиот бос Грегори Скарпа Сениор, капо, а подоцна и шеф на мафијашкото семејство Коломбо и вистинската инспирација и извор на информации за филмот „Кум“ на Френсис Форд Копола, со децении неказнето дивеел и убивал, а во исто време бил на платниот список на ФБИ како наводно скапоцен доушник, благодарение на блиската врска со агентот на ФБИ Рој Лин де Векио, познат како „Господинот Организиран Криминал“, пренесува МКД.мк
Бруталниот, но и исклучително способен и интелигентен мафијаш, кој се фалел дека убил 50 луѓе и потоа „престанал да брои“, се гордеел со прекарите како „Сенишниот косач“ и „Машина за убивање“. За време на најкрвавиот период (1980-1992), кога наредил најмалку 26 убиства, тој бил на платниот список на ФБИ, заработувајќи милиони долари во денешна вредност како криминален информатор од прв ешалон.

Тој бил првиот што на ФБИ однатре му ги открил структурата, обичаите и строгите правила на Коза ностра, а притоа не само што ја овозможувал борбата на ФБИ против мафијата, туку и ја обликувал во согласност со своите сопствени интереси, па се верува дека Де Векио на крајот бил под контрола на самиот Скарпа и дека овој брилијантен манипулатор успеал неговата работа да си ја подреди на сопствените цели.
„Да не беше мафијаш, ќе беше генерален директор на некоја голема компанија“, велел Де Векио за него.
Агентот на ФБИ Рој Лин де Векио
Инспирација и извор на информации за „Кум“
За прв пат во книгата се обелоденува дека Скарпа всушност послужил и како вистинска инспирација и извор на информации за филмот „Кум“ на Копола. Од него потекнуваат славните мафијашки изрази и обичаи прикажани во трилогијата, како што се „спиење со рибите“, бакнежот на смртта, структурата на мафијашката организација, односите во семејствата и слично, но и антологиската сцена со коњската глава, која настанала врз основа на неговата приказна дека раскараните семејства во Сицилија имале обичај на противничката страна да ѝ го убијат омиленото животно, па отсечената глава, како предупредување, да ја приковат на портата. Во книгата која излегува деновиве – „Договор со ѓаволот“, новинарот Питер Ленс опишува како мафијашк

Пронајдете не на следниве мрежи: