Виталиа освои 6 нови егзотични дестинации

Пет нации со различни култури и навики во исхраната од неодамна имаат нешто заедничко и тоа од Македонија. Тоа е Виталиа, познатиот македонски производител на здрава храна кој го направи својот прв извоз во Малезија, Сејшели, Тајван, Маурциус, Панама и Куракао.„Извозот на овие шест нови пазари е огромен успех кон ширење на брендот во светски рамки. Вклучувајќи ги овие шест нови држави, денес производите на Виталиа се достапни во 35 земји ширум светот. Ова е уште една потврда дека Виталиа создава врвни здрави производи според светски стандарди чиј квалитет и оригиналност го препознаваат потрошувачите на сите меридијани, без оглед на геогравската положба и културата.”- изјавија од Виталиа.
Од неодамна повеќе од 50 производи под брендот Виталиа се достапни во овие шест земји и тоа позиционирани на рафтовите на премиум супермаркетите, во категоријата на здрава и функционална храна.„Извозот на овие шест нови пазари е огромен успех кон ширење на брендот во светски рамки. Вклучувајќи ги овие шест нови држави, денес произво

Пронајдете не на следниве мрежи: