недела, 29 ноември 2026
Најново

Витаминска бомба: Полна тегла со витамини за деца и возрасни

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Отпорноста на организмот да се избори со различни болести, се нарекува имунитет.  Иако во нашите аптеки секојдневно се нудат се повеќе препарати за зајакнување на имунитетот – народните лекови не ја губат својата популарност и влијание на овие простори.Имајќи една ваква “тегла со витамини“ – ќе ја задоволите не само детската потреба за благо туку и ќе го зајакнете имунитетот на целото семејство. Ви нудиме две рецепти за зајакнување на имунитетот. Двете се врвни – и испробани. На вас е да изберете.
Прв рецепт за зајакнување на имунитетот за деца и возрасни:
Потребно е:
– 100 гр суво грозје
– 150 гр ореви
– 100 гр бадеми
– Кора од 2 лимони
– 100 гр суви кајсии
– 100 гр суви сливи
– 300 гр мед
Во машина за мелење месо се мели сувото грозје, оревите, бадемите и кората од лимон. Во смесата додадете сок од два лимони, чија кора претходно сте ја употребиле. Измешајте. Понатаму, додадете ги сувите сливи и сувите кајсии. Измешајте. На крај се додава медот и повторно се меша. Оставете да отстои на темно место 1-2 дена.
За деца постари од 3 години – 1 лажица 2 пати дневно
За возрасни: 1-2 лажици 3 пати дневно

 
Втор рецепт за зајакнување на имунитетот за возрасни
Состојки:
– 200 гр суви кајсии
– 200 гр суви сливи
– 200 гр суви смокви
– 200 гр ореви
– 1 лимон
– 50 мл ракија
– 250 гр мед
Сувото овошје и лимонот заедно со кората се мелат во машина за мелење месо. Во смесата додадете ги и медот и ракијата и измешајте. Теглата со смесата се чува во фрижидер. Конзумирајте по една супена лажица пред оброк.
Бидете здрави!
Извор: ПопараИмајќи една ваква “тегла со витамини“ – ќе ја задоволите не само детската потреба за благо туку и ќе

Поврзани вести