ВИВА со својот квалитет ги освојува светските пазари

Нашиот најголем и најпознат  македонски производител на 100% природни овошни сокови Вивакс со познатиот бренд Вива, уште еднаш успешно се претставува и повторно привлекува големо внимание со своите висококвалитетни производи на голем број посетители, претставници на познати ланци маркети и дистрибутери од целиот свет, на најголемиот саем за храна и пијалоци Ануга, кој што се одржува во Келн, Германија. Освен со 100% природните сокови, Вивакс оваа година го збогати својот асортиман и понуда со висококвалитетни природни овошни каши, добиени со преработка на свежо македонско овошје, јаболка и праска, кои се употребуваат за производство на природни овошни сокови, смути и детски овошни каши. „Горди сме што освен нашиот примат сите овие години – производство на 100% природни овошни сокови, сме и производители на природни овошни каши, и како резултат на тоа сме едни од најголемите откупувачи на овошје во земјава. Учеството на саемот пред две години, во изминатиот период ни донесе како компанија извоз во над 20 земји, како што се Кина, САД, Канада, Шведска, Обединети Арапски Емирати. Тука е местото каде се прават првичните контакти за понатамошна соработка. Но, овој саем е и посебно значаен затоа што го утврдува фокусот на прехранбената индустрија во иднина и дава извонредна можност за размена на иновации и информации“, изјави Тања Атанасова, маркетинг директор на Вивакс.
Оваа година на Ануга беа 7.400 изложувачи од 100 земји од светот. Тој е место каде учество земаат клучните играчи во индустрија за храна и пијалаци и е познат како глобална точка каде се сретнуваат сите значајни фактори во прехранбената индустрија, менаџери, трговци и сопственици на големи продажни ланци, водечки импортери како и добавувачи на големи компании, а Вива со својот препознатлив квалитет и иновативност е дел од оваа приказна.Освен со 100% природните сокови, Вивакс оваа година го збогати својот асортиман и понуда со висококвалитетни природни овошни каши, добиен

Пронајдете не на следниве мрежи: