Денес, во 09:00 часот, започна Почетниот состанок за имплементација на проектот Визуелизирање: Иновативен концепт за обука за зајакнување на толеранција и меки вештини на млади луѓе“ финансиран од Еразмус + Програмата – Клучна активност 2 – Стратешко партнерство.Овој проект го реализира Центар за развој и едукација од Кривогаштани, во соработка со организации од Германија, Австрија, Шпанија и Грција.
Целта на проектот, како целина, може да се гледа како на одржлива инвестиција, каде што младите луѓе и обучувачите кои ќе бидат вклучени ќе научат нови вештини за секојдневниот живот и нивната работа кои директно може да се тестираат, дејствувајќи како мултипликатори на врсник на врсник комуникација и работа. Истото се однесува и на младите луѓе кои нема да бидат директно вклучени во активностите на проектот, но активностите ќе резултираат со високи перформанси и ефикасност во образовниот процес и обука преку комбинирани начини и сектори со цел подобро да се разгледаат можностите за европско стратешко партнерство и отворање на нови патокази за одржлив и ефикасен начин за иновативни обуки.
На настанот се обратија Геса Шилер – проектен координатор од организацијата CJD Verbund NRW Süd / Rheinland од Германија, Марина Тошеска – проектен менаџер од организацијата Центар за развој и едукација – Кривогаштани и градоначалникот на општина Кривогаштани Тони Заткоски.
Овој проект го реализира Центар за развој и едукација од Кривогаштани, во соработка со организации од Германија, Австрија, Шпанија и Грци