Вклучена централната елка на плоштадот Македонија

Со концерт и изведба на новогодишни песни на хор составен од 180 ученици од повеќе средни училишта на Градот Скопје, вчера /02.12.2016 година, петок/ беше вклучена централната елка во Скопје која е поставена на  Плоштадот „Македонија“.Централната новогодишна елка со висина од 21 метри, и е осветлена со неколку илјади светилки и  светлосни фигури, а ќе свети во различни бои. Годинава за првпат Плоштадот „Македонија“ е декориран и со светлосна фонтана и со светлосен тунел.
Град Скопје и оваа година, традиционално, го реализира Прoект за новогодишно украсување и декорирање кое е во тек и треба во наредните денови да го разубави празничниот лик на Скопје.
Покрај плоштадот, во поширокиот реон на централното градско јадро ќе бидат украсени и следните улици:

Булевар „Илинден“ до раскрсницата со ул. „Френклин Рузвелт“,

просторот пред Владата на Република Македонија,

ул. „Даме Груев“,

Булевар „Партизански одреди“ до раскрсницата со бул. „8 Септември“ и платото пред Универзална сала,

ул. „Димитрие Чуповски“,

ул. „11 Октомври“,

Булевар „ВМРО“,

ул. „Филип Втори“, на потегот од раскрсницата кај Специјалната болница за хируршки болести  „Св. Наум Охридски“ до  раскрсницата кај Т.Ц. „Мавровка“,

просторот пред Судската палата и бул. „Гоце Делчев“ од Т.Ц. „Мавровка“до Влада на Република Македонија,

Старата чаршија пред националната галерија Чифте Амам,

украсување на Паркот „Жена борец“,

украсување на просторот пред црквата „Св. Богородица“,

украсување на плоштадот „Филип Втори“, пред црквата „Св. Димитрија“,

украсување на улица „Македонија“,

Бул. „Климент Охридски“ од Влада на РМ до зградата на „Нова Македонија“,

Плоштад Пресвета Богородица,

Булевар Крсте Мисирков до крстосница со улица Цветан Димов

Булевар Христо Татарчев до крстосница со булевар Гоце Делчев, до раскрсница со улица Цветан Димов,

Булевар Александар Македонски од крстосница со улица Беласица до крстосница со улица 16 Македонска бригада.

Декорирањето ќе го реализира фирмата Линк Медија која имаше најповолна понуда на јавниот повик и за таа цел  Град Скопје ќе издвои околу 12 милиони денари. 
Декорирањето е во тек, додека раскрасувањето ќе биде од 15.01. до 25.01.2017  година.Централната новогодишна елка со висина од 21 метри, и е осветлена со неколку илјади светилки и  светлосни фигури, а ќе свети во разл

Пронајдете не на следниве мрежи: