Вкусен десерт готов за 15 минути: Руски чајни бомбици!

Овие мали, слатки чајни бомбици се подготвуваат многу брзо и лесно. Во продолжение прочитајте што ви е потребно…Состојки:
1 шолја путер
1 лажичка екстракт од ванила
6 лажици шеќер во прав
2 шолји брашно
1 шолја мелени ореви
1/3 шолја шеќер во прав за декорација
Подготовка:
1. Загрејте ја рерната на 180 степени.
2. Добро изматете ги путерот и екстрактот од ванила. Полека додавајте шеќер и брашно.
3. Потоа додадете ги оревите.
4. Од смесата направете куглици. На плехот ставете хартија за печење и печете во рерна десетина минути.
5. Кога ќе се оладат, наросете шеќер во прав врз нив.
Наздравје!

Пронајдете не на следниве мрежи: