Вкусни и неодоливи: Брзи крокети од тиквички и зазики сос

Префинета комбинација од тиквички и фета сирење во залчиња крокети. Звучи вкусно, а исто толку и едноставно за подготовка.Летниот период изобилува со тиквички, па зошто да не се искористат за подготовка на оброк кој може да го послужите и како предјадење и како главно јадење?
Потребни состојки:

400g Изрендани тиквички
100g Фета сирење
1 Чешне лук
2 Млади кромидчиња
1 Јајце
Сол и бибер
30g Брашно
15g Лебни трошки
Малку брашно за тркалање на крокетите
Масло за готвење

Подготовка:
Ренданите тиквички посолете ги и оставете ги 10-тина минути да ја пуштат течноста. Потоа префрлете ги во сад и добро исцедете ги од течноста.
На исцедените тиквички додајте ги фетата, лукот, кромидчињата, јајцето, солта и биберот, брашното и лебните трошки. Добро измешајте ги состојките додека не добиете еднолична смеса.
Со мала лажичка земајте дел по дел од смесата и направете мали кугли тркалани во брашно.
Загрејте го маслото и пржете ги крокетите се додека не добијат златножолта боја.
 
Готовите крокети можете да ги сервирате со зазики сос кој можете да го направите по оригинален домашен рецепт.Летниот период изобилува со тиквички, па зошто да не се искористат за подготовка на оброк кој може да го послужите и како предјадење и како главно

Пронајдете не на следниве мрежи: