Вкусни кремасти чоколадни коцки!

За оваа рецепта не ви се потребни некои големи кулинарски вештини.Пандишпан:
6 јајца
8 лажици шеќер
4 лажици чоколадо во прав
8 лажици масло
8 лажици млеко
8 лажици брашно
1 часичка прашок за печиво
малку чоколадно млеко
Крем:
1 литар млеко
11 лажици шеќер
3 пудинга од члоколадо
2 лажици брашно
80гр маргарин
125мл павлака за шлаг
Глазура:
300мл павлака за шлаг
150гр чоколадо за готвење
Подготовка:
Изматете ги белките, додадете го шеќерот, жолчките, чоколадото во прав, маслото, млекото, брашното и прашокот за печиво. Печете во тавче на 30х40 на 150 степени околу 30 минути. Кога ќе се олади пандишпанот поделете го на два дела
Пудингот, шеќерот и брашното измешајте го со малку млеко, а останатото ставете го за зоврие. Кога млекото ќе зоврие полека додадете ја изматената смеса за пудинг. Во топлиот крем додадете го маргаринот, а кога смесата ќе се излади додадете ја претходно изматената павлака.
Глазура:
Павлаката за шлаг (хопла) ставете ја да се загрее, тргнете ја од оган, додадете ја чоколадата и мешајте додека не се стопи чоколадото.
Ставете го првиот пандишпан, потопете ја со чоколадно млеко, па премачкајте со кремот, потоа ставете го вториот пандишпан, исто така прелијте со чоколадно млеко, и на крај премачкајте со глазурата.Пандишпан:
6 јајца
8 лажици шеќер
4 лажици чоколадо во прав
8 лажици масло
8 лажици млеко

Пронајдете не на следниве мрежи: