Вкусни равиоли во песто сос

Одличен рецепт со кој ќе ги изненадите најблиските Состојки:
1 пакетче равиоли
2 лажици маслиново масло
2 лажици мелен лук
1 / 4 чаша растопен путер
2 лажици брашно
2 чаши млеко
сол, бибер
1 ипол шолја  рендан пармезан
1 чаша домашно подготвено  песто (ако имате) или една тегличка купено (го има во поголемите супермаркети)
Подготовка:
Во поголемо тенџере ставете вода со сол да зоврие, ставете ги равиолите и варете како што е наведено на упатството, кога ке бидат сварени исцедете ги.
Во поголемо тавче на средна температура загрејте го  маслиново масло. Додадете ги лукот и путерот и пржете околу 1 минута.
Растворете го брашно во млекото и додадете го во тавчето со путерот и лукот, ставете ги солта и биберот , сето тоа нека врие 4 минути, мешајќи постојано. Додај те го пармезанот и мешајте додека се стопи. На крај ставете го пестото, промешајте и тргнете го тавчето
Ставете ги сварените равиоли на чинија и посипете ги со Песто крем сосот. Гарнирајте со малку сецкан магдонос и свеж босилек.Состојки:
1 пакетче равиоли
2 лажици маслиново масло
2 лажици мелен лук
1 / 4 чаша растопен путер

Пронајдете не на следниве мрежи: