ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение посочува дека Владата на СДСМ треба да ги исполни ветувањата дадени пред граѓаните и да ја внесе државата во ЕУ и НАТО Владата на СДС и Зоран Заев треба да го искористат моментот и да ја внесат Македонија во ЕУ и НАТО за три до шест месеци, како што ветуваа пред избори. Сега Заев е на потег и треба да покаже одговорно однесување како што доликува на некој што успеал да состави мнозинство за да ја води државата и да ги реализира обврските кои ги презеде пред граѓаните, наведува ВМРО-ДПМНЕ.
Во соопштението се вели дека ВМРО-ДПМНЕ ги поздравува средбите и телефонските разговори кои ги остварил Заев со лидерите на поважните земји од меѓународната заедница од кои добил поддршка за реформите. Со тоа, се нагласува во соопштението, дефинитивно е отстранета секаква дилема дека ВМРО-ДПМНЕ е пречка за членство на Македонија во ЕУ и НАТО и се додава дека како партија веднаш ќе гласаат во Парламентот за членството на Македонија.
– Зоран Заев исто така вети на граѓаните на Република Македонија дека ќе го заштити нашиот идентитет, а Никола Димитров изјави пред јавноста дека договорот со Бугарија што остана непознат за македонскиот народ ќе го потпише со крената глава. Во однос на Грција, од МНР брифираат новинари дека со посетата на Атина, јужниот сосед бил ставен во дефанзива и без никакви аргументи пред западните партнери заради новата политика на владата на Заев. ВМРО-ДПМНЕ не ги знае деталите околу посетата, но доколку информациите се точни час поскоро и без одложување очекуваме влез во НАТО и отпочнување преговори со ЕУ, вели ВМРО-ДПМНЕ. Владата на СДС и Зоран Заев треба да го искористат моментот и да ја внесат Македонија во ЕУ и НАТО за три до шест месеци, како што ветуваа пр