Законот за слободни здравствени зони и законот за ИТ зони беа поминати на последната владина седница и истите се испратени на усвојување во македонското Собрание.– Законот за слободни здравствени зони предвидува изградба на болници од страна на инвеститори кои сакаат главно да се занимаваат со здравствен туризам, да носат лица кои имаат потреба од здравствен третман од други држави во Македонија и да развијат големи медицински центри. Тие ќе можат и домашни пациенти да примаат, но под посебни услови за да не се донесат во прашање приватните болници во Македонија кои се надвор од зоната. Со добро избалансирани услови ќе се стимулира носење на болници во овие зони кои би стимулирале во иднина здравствен туризам, рече Груевски.
ИТ зоните е предвидено да бидат во склоп на технолошко-индустриските развојни зони, но одвоени со посебна ограда, со посебна регулатива и со посебни проекти.
-Веќе има интерес за ИТ зонитеи веќе подготвуваме одредени чекори и проекти за развој на овие ИТ зони, рече премиерот.– Законот за слободни здравствени зони предвидува изградба на болници од страна на инвеститори кои сакаат главно да се занимаваат со здравств