Владата го усвои Акцискиот план за изготвување на бесплатни геодетски елаборати за граѓаните во поплавените подрачја

Владата на Република Македонија во пакет мерките за помош на граѓаните од поплавените подрачја, предвиде и мерка изготвување на бесплатни геодетски елаборати за лицата кои поднеле барање за легализација на диво изграден објект и ја задолжи Агенцијата за катастар на недвижности во рок од 7 дена да изготви Акционен план за спроведување на оваа мерка.На предлог на Агенцијата за катастар на недвижности Владата на Република Македонија го усвои Акцискиот план за изготвување на бесплатни геодетски елаборати.
Со цел што побрзо и поефикасно реализирање на оваа мерка ги повикуваме граѓаните од поплавените подрачја кои поднеле барање за легализација до надлежната општина а сеуште немаат доставено геодетски елаборат, да се јават во Инфо-центарот на Агенцијата за катастар на недвижности на телефонскиот број :
0800 80 800 -за лица кои се корисници на фиксни телефонски линии на Македонски Телеком
(02)  317-17-33 за лица кои се корисници на било кој фиксен и мобилен провајдер во РМ, и
(02) 317- 38-25 за лица кои се корисници на било кој фиксен и мобилен провајдер во РМ, и
Со цел пријавувањето да биде спроведено на поефикасен начин, апелираме до граѓаните пред да се јават,задолжително да го обезбедат бројот на поднесеното барање за легализација кое го добиле од општината при поднесувањето на барањето за легализација, бројот на катастарската парцела на која се наоѓа дивоградбата и крај себе да имаат лична карта со цел соопштување на потребните податоци од истата.
Граѓаните бројот на катастарската парцела доколку истиот не го знаат може да го пронајдат на веб страната на агенцијата за катастар на недвижностиhttps://ossp.katastar.gov.mk/OSSP/.
Граѓаните започнувајќи од денес можат да се јавуваат секој ден од 8.30 до 16.30 часот, вклучуваќи и сабота и недела од овој викенд.
Граѓаните кои ги изгубиле документите во поплавата а се подносители на барање за легализација пред општината, освен на телефонските броеви ќе можат да се пријават и во просториите на Центарот за катастар на недвижности во Скопје.
Согласно Акциониот план сите што ќе се пријават, започнувајќи од 01. Септември 2016 година ќе бидат посетени од екипи на Агенцијата за катастар на недвижности со цел изготвување на бесплатен геодетски елаборат.
 На предлог на Агенцијата за катастар на недвижности Владата на Република Македонија го усвои Акцискиот план за изготвување на бесплатни геодетски е

Пронајдете не на следниве мрежи: