Од вчерашниот состанок на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски со повеќе ресорни министри и градоначалници од редовите на партијата на кој се разгледуваше проектот „Купи куќа за млади“ беше донесен заклучок дека државата односно владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги покрива трошоците на општините за градба на водовод, канализација и пат. Тоа ќе биде исклучителна помош за самите општини и значителен ветар во грб во насока на спроведување на проектот.- Онаму каде што некој ќе обезбеди 100 локации, за куќи или повеќе, предлогот е Владата да ги обезбеди следните поддршки: преку програмата за рурален развој да се покријат 100% од трошоците за : пристапен пат, канализација и водовод, согласно тендерот за јавна набавка. Значи оди на лицитација, колку излегува толку. Второ во урбани средини во места кои се до 10.000 жители сметаме дека тие се посиромашни, поддршката да биде 90% од државата, а 10% да ги обезбеди општината, за улица, канализација и водовод. За градови од 20-40.000 жители поддршката да биде 80%. И над 40.000 жители поддршката да биде 75%, истакна Груевски.
За руралните средини ќе се обезбедат средства преку Програмата за рурален развој за покривање на 100% од трошоците за водовод, канализација и изградба на пристапен пат.
Во урбаните средини:
-До 20.000 жители, 90% покрива државата, односно владата, а 10% локалната самоуправа; -Од 20.000-40.000 жители, 80% покрива државата, а 20% локалната самоуправа и -Над 40.000 жители, 75% покрива државата, а 25% локалната самоуправа.
Од оние средства што државата ќе ги обезбеди за трошоците за водовод, канализација и изградба на пристапен пат за тие локации ќе се минусираат средствата добиени од комуналии и од продажбата на градежно земјиште кои ги добива општината.
-Во овие средства ги минусираме средствата што тие локации ќе ги добиете со продажба на локациите и со комуналии кои ќе ги платат луѓето, истакна Груевски.
Груевски истакна дека ќе важат за сто или над сто куќи.
-Независно дали е 100%, 90 или 80% или 75% зависно дали е во мал град, рурална или урбана средина, важат само за нови локации што се со 100 или над 100 куќи, рече Груевски.
Градоначалниците исклучително задоволни од усвоениот предлог кој ќе биде предложен.
-Според мене ова се одлични мерки за помагање во делот на финансиите, ако се обезбедат деталните планови најбргу од страна на Министерството за транспорт и врски и слободното земјиште на Македонија, мислам дека операцијата ќе биде реализирана и ќе биде успешна, посочи Коневски.
Груевски посочи дека се инвестира во најважните две работи на граѓаните, работата и создавањето на услови за дом.
-Што е она што е најзначајно за еден човек? Работа и дом. Тоа се основните работи од кои што секој човек тргнува: да има платена работа и дом. Се друго е од трето место, па натаму. Тоа на луѓето им менува многу: кога ќе стапат во брак, дали ќе стапат во брак, колку деца ќе имаат, дали ќе имаат деца, планови. Значи многу им менува вработувањето на што турбо работиме, да донесеме што повеќе компании, фабрики и имаме голем прогрес. И секако домувањето, тоа се основните две работи. И ги напомнувам, вие сте градоначалници, бирани сте од народот, многу од вас пак ќе излезат на избори, треба да знаете зошто вложуваме, потенцираше Груевски.
– Онаму каде што некој ќе обезбеди 100 локации, за куќи или повеќе, предлогот е Владата да ги обезбеди следните поддршки: преку програмат