Владата на СДС секојдневно ги задолжува граѓаните по 1 милион и 600.000 евра

Граѓаните секој ден во изминатите 37 дена откако СДС е на власт се задолжени дневно по 1 милион и 600.000 евра. Потенцирам, секој ден изминативе 37 дена владата на СДС ги задолжуваше граѓаните по 1 милион и 600.000 евра. Резултат во реализирани проекти – нула. Освен задолжување, видовме само деструкција, укинување и блокади, истакна на прес-конференција Драган Цуклев од ВМРО-ДПМНЕ.-Сметајќи со калкулациите на СДС од пред изборите, владата на Заев ако продолжи со ова темпо на задолжување, а ќе продолжи, за една година ќе ги задолжи граѓаните околу 720.000.000 евра, а за 4 години мандат граѓаните ќе бидат задолжени околу 2.880.000.000 евра, рече Цуклев.
Ова е сосема спротивно од она што го говореа СДС пред да ја преземат власта.
-СДС изминатите години им се закануваше на банките дека нема да им бидат признаени државните хартии од вредност што ги купуваат од министерството за финансии, денеска Тевдовски и СДС на истите тие банки им ги нудат државните хартии од вредност, рече Цуклев.
Од овие 60 милиони евра, нагласи пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните досега не видоа ништо.
-Минималната плата не е покачена на 16.000 денари како што ветуваше Заев, ниту пак просечната плата се покачи на 30.000 денари. Докторите се уште ги очекуваат ветените 100.000 денари плата, а нема отпочнато ниту 1 километар од новите 500 километри автопат кои СДС ги ветуваа како капитална инвестиција. Милионски задолжувања и ниту еден реализиран проект. Недомаќинското работење на СДС почна уште првиот ден на мандатот и уверени сме дека ќе трае до последниот, заклучи Цуклев.-Сметајќи со калкулациите на СДС од пред изборите, владата на Заев ако продолжи со ова темпо на задолжување, а ќе продолжи, за една година ќе ги за

Пронајдете не на следниве мрежи: