четврток, 12 ноември 2026
Најново

Владата на СДСМ наместо да штеди, продолжува со расипништво

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Владата предводена од  СДСМ продолжува со неодговорното однесување спрема граѓаните на Република Македонија, обвини денеска Коче Гаврилов, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. Службата за општи и заеднички работи при владата објави оглас за набавка свежа риба, замрзната риба, октоподи и морски плодови  во вредност од 400.000 денари. Наместо да штедат како што најавуваат СДС продолжуваат со нивното расипништво и парите на граѓаните на Република Македонија ќе ги трошат и на цвеќиња. Министерството за надворешни работи објави оглас за набавка на цвеќиња во вредност од 305.700 денари.  На нивната дволичност и нема крај, изјави Гаврилов.
Од една страна, продолжи тој, зборуваа за сиромаштија на граѓаните на Република Македонија, а од друга страна гледаме недомаќинско трошење и луксузирање со октоподи и морски плодови.
– Најавуваа штедење, а може да видиме само трошење на народните пари за задоволување на сопствените хедонистички пориви. Уште еднаш се виде дека владата на СДС е влада на елитите, а не на граѓаните. Наместо тие да им помагаат на граѓаните, тие ги трошат нивните пари на елитизам и луксузи, изјави Гаврилов. Службата за општи и заеднички работи при владата објави оглас за набавка свежа риба, замрзната риба, октоподи и морски плодови  во вредн

Поврзани вести