Владата на ВМРО-ДПМНЕ со додатокот за трето дете мотивираше многу жени повторно да родат

Можам да кажам дека чест ми беше и дека во иднина ќе го зголемиме породилното отсуство за да имаат бенефит и мајките и новородените дечиња. Во однос на наталитетот во Македонија, тој во минатото одеше надолу и се спроведоа низа на проекти за да се зголеми истото, но пред се за да имаме многу бројна популација треба да имаме здрава популација на жени и мајки родилки, изјави Жаклина Пешевска.Владата на ВМРО-ДПМНЕ посвети многу внимание на жените родилки и овде ќе напоменам еден голем проект, а тоа е изградбата на гинеколошко акушерскиот одел во клиничкиот центар и од свое лично искуство како жена родилка не споредливо е пораѓањето во старата и во новата гинеколошко акушерска клиника и таа е со сите нови попратни апарати. За разлика од старата каде што имаше соби со шест родилки, во новата имаме само по две родилки и засебни тоалети, а со тоа е и поубаво чувството и на тамошните вработени и на жените родилки, истакна Пешевска.
Таа потенцираше дека освен овој проект за градење на новиот гинеколошки оддел се вовеле и многу испитувања за мајките кои одлучуваат да раѓаат во подоцнежните години.
-Уште повеќе ме радува фактот што на сите жени ќе се извршуваат овие испитувања се со цел поздрава популација, секако за зголемување на наталитетот во Македонија и општо секаде е многу важен економскиот развој на државата, а ВМРО-ДПМНЕ навистина направи напор за да се подобри економскиот статус на граѓаните, па така во 2006-та просечната плата изнесуваше 12.320 денари, додека во 2017 изнесува 17.000 денари. Секако не е пресудна финансиската состојба на граѓаните, но проектите кои што ги спроведе потоа навистина имаа бенефит, па така од 2008 до 2017 година се отворија седум градинки, се реновираа и проширија секаде каде што беше во можност и во многу општини тргнувајќи од Зелениково и Петровец се отворија и градинки за прв пат, со што се зголеми и вработеноста, но и прифаќање на нови дечиња, вели Пешевска.
Таа лично искажа задоволство за проектот додаток за трето дете и вели дека владата на ВМРО-ДПМНЕ мотивираше многу жени за да родат трето дете. Освен овие проекти таа ги потенцираше низата проекти за средношколците и студентите се со цел олеснување и кревање на подмладокот во нашата земја.Владата на ВМРО-ДПМНЕ посвети многу внимание на жените родилки и овде ќе напоменам еден голем проект, а тоа е изградбата на гинеколошко акушерскиот

Пронајдете не на следниве мрежи: