Владата на Заев и Царовска годинава планира 100 згради со станови за најмалку 20.000 мигранти, државата покрива 100% од трошоците

Мигрантите, а не граѓаните на Република Македонија се приоритет во 2017 година за владата на Зоран Заев и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.
 И покрај што многу граѓани и државјани на Република Македонија немаат решено станбено прашање, за Заев и Царовска приоритет се мигрантите, па така во Националниот акциски план за интеграција на бегалци и странци 2017-2027 се предвидува изградба на 100 згради.

Во секторот „Домување“ стои следново:
Како мерка „Да се идентификуваат и обезбедат парцели на државно земјиште на располагање за инвестирање во социјални станови“.
Очекувања на Владата и МТСП „Достапни локации за изградба на социјални станови“.
За надлежна институција на оваа мерка е Владата, а планирано е со „одлука на Владата; Барем 100 единици – локации да станат достапни“.
Временската рамка е од „2017 година и понатаму“.
„Проценет годишен буџет во евра – државен придонес: 100 проценти“
Дополнително во документот на МТСП наречен „Предлог нацрт стратегија за интеграција на бегалци и странци ‎2017 – 2027 година се предвидува масовно давање на државјанства на мигрантите, семејно обединување со тоа што секој мигрант ќе може да го донесе целото свое семејство, кое понатаму забрзано ќе добие државјанство, нивно вработување и нивно сместување по станови и куќи низ цела Македонија.
Според МТСП, стратегија ќе го „стесни“ фокусот на интеграцијата и ќе ги претстави стратешките цели низ четирите главни области – домување, образование, вработување и стекнување државјанство, додека прашањата поврзани со подобрувањето на системот за интеграција или мерките насочени кон раната интеграција ќе треба да се протегаат низ сите области. 
 И покрај што многу граѓани и државјани на Република Македонија немаат решено станбено прашање, за Заев и Царовска приоритет се мигрантите, па

Пронајдете не на следниве мрежи: