Владата најавува дека ќе штеди, а распишува нов тендер за привремени вработувања од 127 илјади евра

Новата влада иако најави дека ќе штеди, сега распишува тендер за Агенција за привремени вработувања за период од 4 месеци во вредност од 127 илјади евра.Генералниот секретаријат на Владата на Бирото за јавни набавки објави оглас за услуги- за привремено вработување за период од 4 месеци. Проценетата вредност без ДДВ е седум милиони и осумстотини илјади денари, или околу 127 илјади евра. Постапката е отворена, а критериум за доделување на договорот е најниската цена.
Пред повеќе од две недели, владиниот генерален секретар Драги Рашковски и новиот министер за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски пред медиумите се жалеа дека во Владата и другите институции имало превработеност и пребројност, а сега објавуваат огласи за вработувања.
Владата во понеделникот објави јавен оглас за вработување на (13) извршители посебни советници во Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, Кабинетот на генералниот секретар на Владата на Република Македонија и Кабинетите на министерите без ресор на определено време во Генералниот секретаријат. Како што е наведено во огласот, платата ќе изнесува 36.873 денари.
Ваквите огласи доаѓаат откако владиниот генерален секретар Рашковски и министерот Манчевски на дебатата со граѓанскиот сектор на тема реформа на администрацијата, организирана од Министерството за информатичко општество и администрација, тврдеа дека јавната администрација се соочувала со превработеност.
-Во јавната администрација има превработеност, но и недостиг од стручен кадар, рече Манчевски, што практично значеше бркање од работа на  партиски неподобни лица, а на нивно место вработување на партиски кадри, што и се случува преку огласнот за нови вработувања.
Рашковски тогаш тврдеше дека една од првите задачи на новото работно место му било да најде начин како и каде да ги распредели новите 80 вработени во генералниот секретаријат. Тој додаде дека „пребројноста треба да не плаши во смисла на оптеретување на државниот буџет“.
Она што за Манчевски беше превработеност, а за Рашковски пребројност очигледно траеше многу кратко, па сега новата влада распишува оглас за нови вработувања, за да се вдомат партиски кадри на СДСМ.
Сакајќи да манипулираат со јавноста преку наводна превработеност со која требаше да се оцрни претходната влада и истата да се прикаже како неодговорна и расипничка, СДСМ со распишувањето на огласи за нови вработувања буквално сами се фатија во сопствената стапица, а нивните лаги излегоа веднаш на виделина.Генералниот секретаријат на Владата на Бирото за јавни набавки објави оглас за услуги- за привремено вработување за период од 4 месеци. Проценетата

Пронајдете не на следниве мрежи: