Масони, илуминати, Розенкројцери, Билдерберг се само некои од здруженијата за кои се претпоставува дека владеат со сенката низ поставувањето на своите луѓе на високите државни места, индустријата и останатите клучни позиции.Масони
Масоните се друштво со најдолга историја на постоењето и ( барем толку колку што е познато) и понатаму постојат. Тие станале симбол на тајното ракување, бизарностите и хиерархијата низ која членовите се качуваат по „скалите“, во зависност од искуството и почитувањето на друштвото.
Тие се основани како унија на помали заедници, а првата ложа е формирана во Лондон во 1717 година. Меѓутоа гласините за неговото постоење кружеле барем еден век наназад. Многу модерни тајни друштва имаат доста реплики за масоните , барем кога се работи за поздравите, тајните кодови, приватните ритуали и комплексните ланци на командување.
Илуминати
Ова здружение настанало од одвојувањето на масоните и од тогаш темата на теоретичари на завери помеѓу кои се и најпознатите,тврди дека Илуминатите ги режисирале катастрофите, мистериите и економската криза. Не постојат никакви докази дека тие и понатаму постојат, но тоа и понатаму ги прави само помистериозни и попривлечни за истражување.
За нив често се тврди дека управуваат со светските случувања, со цел на создавање на Новиот светски поредок. Теоретичарите на заверите тврдат дека многу значајни луѓе припаѓаат на Илуминатите, а председателите на САД се вообичаена мета на таквите тврдења.
Черепи и коски
Ова е најмалото тајно здружение од сите тајни друштва и основано е во 1832 година на Универзителот Јејл. Нему му припаѓаат многу државни претставници( и најмалку 3 претседатели), но и луѓе од индустријата.
Тие се состануваат два пати неделно со ритуалите кои се многу слични со масонските а според некои тврдења, тие не се ништо друго освен славно братство на факултетите.
Розенкројцери
Основани се во 15 век од страна на Кристијат Розенкруц во Германија, а два века покасно станале доста познати низ светот. Постојат тврдења дека тие ги направиле масоните, илуминатите и дека стојат зад секоја значајна револуција во светот.
Билдерберг
Оваа елитна група секоја година се собира на различно место во луксузни хотели или ресторани ширум светот. Бидејќи тие состаноци се доста затворени, многумина тврдат дека тогаш се одредува судбината на целата планета.
Протоколи на сионските мудреци
Хенри Форд во 1920 година во своите новини објавил серија на членови кои содржеле документи под име „Протокол на сионските мудреци“, а многу брзо се повлечени поради лажни документи. Тоа е антисемитскиот памфлет кој опишува најдовна еврејска масонска завера да се завладее со светот.
Темплари
Темпларите или Сиромашните витези на Христос и Соломоновиот храм, односно попознати под името Витезови Темплари се основани во почетокот на 12 век.
Набргу станале важен фактор на меѓународната политичка сцена во тоа време, кога добиле неколку дозволи на хартија, како што меѓу останатите се и собирањето на даноци во подрачјата кои биле под нивна контрола.
Темпларите имаат голема улога во ритуалите и основањето на разничните гранки на модерните масони. Масони
Масоните се друштво со најдолга историја на постоењето и ( барем толку колку што е познато) и понатаму постојат. Ти