Владимир Поп-Христов: Да се легализира марихуаната во Македонија

Братот на Кили, Владимир Поп-Христов очекува марихуаната да се легализира во Македонија. Поп Христов во интервју за порталот ТопПост вели дека во Македонија постои недоволна информираност за оваа „билка“ и затоа се создава паника. 
„Сигурно недоволната информираност и педесетгодишната пропаганда против оваа „чудесна билка“. Сите политичари се прилично параноични во овој поглед, иако има доста заинтересираност и од нивна страна, но од последните информации од независните научни кругови мислам дека стравот станува неоснован, а потребата од декриминализација во медицински цели станува сериозна потреба. Мене лично ако ме прашувате, најмногу ме чуди пасивноста и незаинтересираноста на докторската фела, која треба да е лидер во борбата за декриминализација, бидејќи сите познати светски универзитети и нивни колеги, издаваат трудови и пишуваат статии кои недвосмислено ги потврдуваат чудесните својства на марихуаната во борба со повеќе од 700 болести и нарушувања на човековото здравје, а како најважна би ја издвоил исцелителната моќ на оваа билка во борбата против сите видови рак“, вели Владимир за ТопПост. 
Тој вели дека во Македонија марихуаната се користи на големо, но на погресен начин и никој не знае какви бенефити ќе има доколку оваа „света билка“ се користи правилно, како во многу земји во светот. 

На прашањето дали одгледувањето марихуана во земјата треба да биде кривично дел, Поп Христов одговори:
„Дали и одгледувањето на домати претставува криминал или можеби хмељот кој се користи за производство на пиво е криминал?! Некој многу добро заработува од прохибицијата на марихуаната, пред сè фармацевтската, пластичарската или нафтената индустрија, криминалците, политичарите и ред други нелуѓе, кои своите профити и банкарски сметки ги полнат благодарение на оваа прохибиција. Луѓето, нашите мајки и татковци, браќа, деца и самите ние непотребно ја плаќаме цената со нашите животи. Животната средина, нашата планета ја плаќа цената. Се сечат шумите, се загадуваат основните ресурси, земјата, водата, воздухот… Сето тоа има замена во оваа билка, која доколку се користи како „храна“ за човекот, тогаш не би имало глад насекаде во светот, бидејќи билката може да расте во предели каде што температурите се високи, нема доволно вода и квалитетна земја. Таа би можела да биде биолошко гориво за нашите автомобили, печки за загревање, ја прочистува и храни земјата дури и од радијација како што е најновиот случај со Фукушима. Навистина е време да ги идентификуваме вистинските криминалци во нашето општество и да кажеме едно големо „ДА“ за легализација на оваа света билка, која Бог ни ја дал за да ја користиме, а не да ја забрануваме“. 
Извор. ТопПостПоп Христов во интервју за порталот ТопПост вели дека во Македонија постои недоволна информираност за оваа „билка“ и затоа се создава п

Пронајдете не на следниве мрежи: