Владимир Путин: Санкциите може да донесат и некои предности за Русија

Санкциите не нанесуваат само загуби, туку можат да имаат и некои предности за Русија, изјави рускиот претседател Владимир Путин, пренесе ТАСС.- Можеме ли да ги процениме загубите кои ги нанесоа санкциите врз Русија? Тоа е многу тешко. Во извесна смисла, тоа се вистински загуби, рече Путин во интервју за германскиот тв канал АРД.
– Сепак, постојат и некои предности: рестрикциите наметнати на некои руски компании за купување одредена стока од западните држави, од Европа и САД, не поттикнаа таа стока сами да ја произведуваме, истакна Путин.
– Удобниот живот, кога се што требаше да правиме е да произведуваме нафта и гас, а се друго да купуваме е работ на минатото, рече Путин. Според него, Русија располага со научни и технолошки ресурси, кои и овозможуваат „независно да решава кое било технолошко прашање, вклучувајќи ја сферата на одбраната“.
– Според податоците на ЕК, загубите настанати поради руските противмерки се проценуваат на пет до шест милијарди евра, истакна Путин.
– Ситуацијата со т.н. санкции и штети на глобалната економија и штетна е најмногу за односите Русија-ЕУ, рече рускиот претседател.
– Во овој случај, таа е во спротивност со меѓународното право, кое управува со економските односи, со принципите на СТО и договорите кои се обидуваме да ги постигнеме на самитот на Г-20. Таа е во директна спротивност, додаде Путин.
Путин рече дека очекувањата на Русија се дека ситуацијата ќе се промени на подобро и оти ќе се стави крај на украинската криза.
– Секако сакаме да имаме нормални односи со нашите партнери, вклучувајќи ги и САД и Европа, рече Путин.
Путин наведе дека Русија нема да бара порано враќање на заемот од три милијарди долари кои ги позајмила за Украина минатата година. Тој, меѓутоа, додаде дека руската државна банка „Газпромбанк“ би можела да бара порано враќање на заемот даден на украинската енергетска компанија „Нафтогас“.- Можеме ли да ги процениме загубите кои ги нанесоа санкциите врз Русија? Тоа е многу тешко. Во извесна смисла, тоа се вистински загуби, рече Путин

Пронајдете не на следниве мрежи: