Во насока на поддршка на младите невработени лица а со цел подобрување на нивната стручна подготвеност, нивните стручни знаења и капацитети а со тоа и подобрување на нивната конкурентност на пазарот на трудот Владата започна со реализација на мерките за Бесплатни обуки за странски јазици и Бесплатни обуки за основни компјутерски вештини.Веќе се распишани огласи на кои може да аплицираат младите лица до 29 годишна возраст кои се водат како невработени, активни баратели во Агенцијата за вработување. Со огласите е предвидено да бидат опфатени 2000 млади лица до 29 години, односно 1000 млади лица кои ќе добијат обуки за основни компјутерски вештини и 1000 млади лица за обуки на странски јазици.
Право на користење на овие бесплатни обуки имаат младите лица до 29 годишна возраст кои се активни баратели на работа, со завршено минимум средно образование. Заинтересираните лица кои ќе достават апликации до АВРМ ќе може да изучуваат без никаков трошок еден од трите странски јазици, англиски, германски и француски, или пак да стекнат основни компјутерски вештини.
-Младите луѓе до 29 годишна возраст кои се водат како невработени, активни баратели на работа во Агенцијата за вработување, на многу едноставен начин, со поднесување на пријава до Агенцијата може да ги ползуваат овие можности и потоа на многу ефикасен начин без голема загуба во слободното време да поминат низ овие обуки за изучување на странските јазици англиски, германски и француски или основните компјутерски вештини и сето тоа да го направат без никаков трошок затоа што државата ги покрива сите трошоци за овие обуки. Покрај тоа што ќе стекнат соодветни знаења и вештини, ќе заштедат и од своите семејни или индивидуални буџети, а истовремено ќе бидат поконкурентни на пазарот на трудот и ќе стекнат знаења и вештини кои се важни во секојдневниот живот. Огласите се отворени, сите оние коишто ги исполнуваат условите може да аплицираат и се повеќе од добре дојдени да ги искористат овие можности кои им стојат на располагање, вели владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.
За учењето на странските јазици апликантите ќе може да одберат дали помеѓу три можности односно почетено, средно или напредно ниво, односно степен на изучување, а степенот за кој сакаат да бидат обучувани треба да го наведат во пријавата која треба да ја поднесат до Агенцијата.
Во текот на следните денови Агенцијата треба да го избере субјектот односно компанијата која ќе биде задолжена за изведување на обуките за странски јазици или пак за компјутерските вештини.
Врз основа на пристигнатите апликации ќе бидат формирани групи кои ќе бидат обучувани, водејќи сметка за местото на живеење на апликантите. Обуките би се изведувале врз основа на план на обучувачите, веројатно по два или три часа неделно.
Младите лица кои ќе ги завршат обуките и ќе присуствуваат на најмалку 60% од предвидените часови ќе имаат можност да полагаат завршен испит и да добијат уверение за успешно совладана тематска единица.
Владата ги повикува сите заинтересирани млади лица во исклучително едноставна постапка да се пријават во работниот клуб во Центрите за вработување на Агенцијата за вработување на Република Македонија, каде се евидентирани како невработени лица и со тоа да ги искористат овие две исклучително значајни мерки.
Со овие две мерки насочени кон младите во сите региони во државата, покрај тоа што се подобрува нивната стручна подготвеност се создава и можност за финансиска заштеда за младите невработени лица, кои преку овие бесплатни обуки ќе остварат соодветна заштеда согласно пазарните цени кои се однесуваат за изучување на странските јазици и компјутерските вештини.Веќе се распишани огласи на кои може да аплицираат младите лица до 29 годишна возраст кои се водат како невработени, активни баратели во Агенцијата