Владо Илиевски: Во Словенија ќе биде потешко

Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Владо Илиевски, во изјава за „НоваМакедонија“ предупредува дека на нашата селекција ќе и биде потешко на ова ЕП во Словенија, во споредба со претходното во Литванија каде нашата селекција имаше фантастични резултати, освојувајќи го четвртото место на ова натпреварување.
„Најважно ќе биде да ја поминеме првата фаза, ќе биде потешко отколку пред две години во Литванија“ вели Илиевски за „НоваМакедонија“.
Илиевски надополнува дека селекцијата на Македонија мора добро да се подготви за ова Европско Првенство.
„Мораме одлично да се подготвиме за да не се најдеме во подредена ситуација. Верувам во оваа селекција, во своите соиграчи и со еден сплотен настап, со духот што го имаме како тим, можеме да ја поминеме групата и да постигнеме многу и на ова ЕП“ вели Илиевски во интервјуто за „НоваМакедонија“.
Изјава: „НоваМакедонија“Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Владо Илиевски, во изјава за „НоваМакедонија“ предупредува дека

Пронајдете не на следниве мрежи: