Денеска се одигра големото финале во одбојкарскиот турнир на песок. Во СРЦ ,, Никола Карев“ одбојкарките на Владо Тасевски , во еден до крај неизвесен и возбудлив натпревар ги победија основките од Јан Амос Коменски со резултат од 2:1 во сетови.За ,, бронзата“ се натпреваруваа одбојкарките од Петар Поп Арсов, кои со резултат од 2-0 во сетови, ги победија одбојкарките од училиштето Лазо Трповски, и го освоија третото место. Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски , свечено ги доделуваше пехарите на трите победнички одбојкарски екипи од основните училишта на територијата на Општината. Раководителот на одделението за култура и спорт од Општина Карпош Патрик Поповски, истакна дека ова е трета година по ред, како се одржува овој одбојкарски турнир на песок, и дека истиот поминал во најдобар можен ред.
– Турнирот траеше речиси седум дена, и еве да изразам задоволство од прикажаното на истиот, и да им честитам на победничките од Владо Тасевски. Од тоа што можевме да го проследиме на овој турнир, извесно е дека оваа година не очекува интересна и изедначена одбојкарска лига, нагласи Поповски.За ,, бронзата“ се натпреваруваа одбојкарките од Петар Поп Арсов, кои со резултат од 2-0 во сетови, ги победија одбојкарките од училиштето Ла