петок, 27 ноември 2026
Најново

„Владо Тасевски“ прваци во одбојка на песок

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Денеска се одигра големото финале во одбојкарскиот турнир на песок. Во  СРЦ ,, Никола Карев“ одбојкарките на Владо Тасевски , во еден  до крај неизвесен и возбудлив натпревар ги победија основките од  Јан Амос Коменски со резултат од 2:1 во сетови.За ,, бронзата“ се натпреваруваа одбојкарките од Петар Поп Арсов, кои со резултат од 2-0 во сетови, ги победија одбојкарките од училиштето Лазо Трповски, и го освоија третото место. Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски ,  свечено ги доделуваше пехарите на трите победнички  одбојкарски екипи од основните училишта на територијата на Општината. Раководителот на одделението за култура и спорт од Општина Карпош  Патрик Поповски,  истакна дека ова е трета година по ред, како се одржува овој одбојкарски турнир на песок, и дека истиот поминал во најдобар можен ред.
– Турнирот траеше речиси седум дена, и еве да изразам задоволство од прикажаното на истиот, и да им честитам на победничките од Владо Тасевски. Од  тоа што можевме да го проследиме на овој турнир, извесно е дека оваа година не очекува интересна и изедначена одбојкарска лига, нагласи  Поповски.За ,, бронзата“ се натпреваруваа одбојкарките од Петар Поп Арсов, кои со резултат од 2-0 во сетови, ги победија одбојкарките од училиштето Ла

Поврзани вести