Власта го носи Скопје во поплава- не ги сопреа браните, Вардар го поплавува главниот град

Врнежите од дожд кои во изминатите денови ја зафатија Македонија предизвикаа зголемување на водостојот на сите реките. Нивото на реката Вардар е двојно зголемено и постои опасност од поплави.Граѓаните стравуваат дека Вардар може да се излее и од големото корито во центарот на Скопје.
Дел од реакциите се насочени кон властите на Скопје и на државата дека не презеле доволно мерки за заштита од поплави, не ги сопреле ниту браните.
Во текот на денешниот ден повторно се очекуваат врнежи од дожд, така што, како што посочуваат од УХРМ, водостоите на реките и понатаму ќе останат високи.
Можни се локални излевања во горниот дел од сливот на Вардар, односно во Полошкиот регион, во сливот на Треска, околу месноста Пласница, како и на одделни места во сливот на реките Радика, Црн Дрим, Сатеска и Црна Река, кај Боротинско Поле.
Покачување на нивото на водата забележано е на реките Треска, Радика, Сатеска, Кичевска, по горниот тек на Вардар во атарот на селото Раотинце, како и на нивните притоки, соопшти денеска Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).
Според нив, на одредени места постои опасност од излевање на водата надвор од речните корита.
Од УХРМ соопштија дека исклучиво висок водостој утринава е измерен на реката Треска, односно на хидролошката станица во Македонски Брод каде нивото на реката е повисоко за 50 сантиметри во однос на вчерашниот ден. Зголемен водостој за 50 сантиметри има и кај реката Пчиња, како и кај реката Боротинска каде денеска нивото е зголемено за повеќе од 200 сантиметри. Исто така висок е водостојот и на реката Радика, Сатеска, Голема, Црна Река и Крива Река, како и на реката Вардар во горниот тек и во Скопје.
 Граѓаните стравуваат дека Вардар може да се излее и од големото корито во центарот на Скопје.
Дел од реакциите се насочени кон властите на

Пронајдете не на следниве мрежи: