„Пред да станам ескорт дама бев на факултет и се обидував да добијам диплома. Овој план не се оствари поради бројни причини па затоа решив да се откажам од своите сништа и да станам проститутка. За тоа размислував веќе некое време и мислев дека сум подготвена, но не можев ни да претпоставам во што всушност се впуштам“, вака ја почнува својата исповед една девојка која мислела дека е подготвена на се.Пред да зачекорам во овој непознат свет, створив и внимателно го следев планот и програмата за феминизмот и сите видови сексуална работа. Како и многу други, искрено врував дека работата како ескорт дама за мене ќе стане израз на феминизам и ќе ме охрабри. Не се оствари, и не не ги исполнив своите желби.
Можеби овој пат охрабрил други жени и им помогнал да постигнат некој вид на еднаквост со мажите, но тоа не е она што ми се случи мене.
Бев многу љубопитна во врска со идустријата и мојот потенцијал да станам сексуална работничка веќе некое време. Внимателно ја читав секоја книга која можев да ја најдам на таа тема. На самиот почеток мислев дека ќе се занимавам со соблекување, но по опсежно истражување, открив дека тие работат многу напорно за да заработат неколку долари. Деловната придружба беше полето каде што лежеа парите. Бев заслепена од потенцијалната финансиска добивка и одлучив да ја остварам својата одлука.
За помалку од недела дена станав ескорт дама. Беше многу полесно отколку што очекував. Почнав крајно наивно на некои неугледни сајтови, но наскоро ги открив вистинските форуми на кои можев да започам вистински бизнис и тоа за многу кратко време. Десетина долари полека почнаа да се претвораат во стотици и илјадници. Немав доволно време во денот за да ја заработам побарувачката.
Набрзо станав една од топ девојките на сајтот и мажите ме резервираа недели однапред. Добивав одлични оцени и работата цветаше.
И понатаму бев сама. Имав се. Или барем така мислев.
Мислев дека поседувањето, истражувањето и продавањето на мојот идентитет претставува чин на моќ. Бев убедена дека она што го правам е пример на моќна жена која станува еднаква со мажите.
Но кога успехот и репутацијата полека почнаа да бледат, сфатив колку грешам.
По неколку години моето залажување престана. Се разбудив изморена, бесна, осамена и ужасно депресивна. Се она што го хранеше моето его и суета исчезна. Повеќе не се чувствував успешна, паметна или секси.
Проституцијата е немилосрдна игра кога подразбира подигање на машкото его. Вашата работа е да направите мажот да се чувствува специјално, супериорно и задоволено- како тој да е единственото суштество на планетата. Тоа воопшто не остава време за вас.
Нема никаков напредок бидејќи нема место за вас.
Тука се и неговите емотивни потреби. И нив е тешко да ги задоволите отколку оние сексуалните. Голем број мажи кои сум ги запознала имаа непресушни емотивни потреби кои не биле задоволени во нивните реални животи.
Да се биде проститутка е многу слично на работата на шанкер- добар дел од работата минувате во улога на психијатар. Сексуалниот дел од секоја средба беше главно краток поради физичките ограничувања. Но што ќе прави со останатото време маж кој штотуку бил отворен и нтимен со вас?
Ќе ви зборува за својот емотивен живот. И тоа ќе ве исцрпи. Навистина не сакав да се зближувам со тие мажи. Имав живот за кој требаше да се грижам и не сакав да ја трошам својата енергија на тоа да ги поравам нив.
Но тука е опасно кога ќе се измешаат емоциите и сексот, и тогаш и покрај претходно одредените граници, може да се случат проблеми.
Тие мажи, кои ме плаќаа да одам, многу брзо сфаќаа дека не се во состојба да допрат до моето психичко и духовно битие и нивната перцепција почнување да се мати. По физичкиот контакт сакаа и се останато. Кога ќе сфатеа дека не можат да го имаат тоа, го посакуваа тоа уште поеќе. Ме купија и сакаа да бидат мои сопственици.
Се почнуваше со благо интересирање, но набрзо се претвораше во опсесија. Морав физички да се борам, да вадам налози за забрана за приоѓање, да се селам и да го менувам бројот. Еднаш морав да го променам и името.
Полека излегував од фантазијата и влегував во суровата реалност.
Живееме во општество во кое владеат мажите а проститутките само ги хранат нивните барања. Мислев дека дека доколку ги натерам мажите да ми платат донекаде ќе ги изденачи силите, но парите паднаа во сенка на напорната работа да ја одбранам својата личност, независност, слобода и идентитет.
Бев платена да правам мажот да се чувствува безбедно, сексуално задоволено и суериорно- по секоја цена.
Морав да го отфрлам својот идентитет за да бидам успешна екорт дама.
Посветив 8 долги години на индустријата која беше лага. Денес уживам во својата тешко заработена слобода и личност која толку долго не сум ја имала.
Сега можам да постојам, истражувам и евоулирам емотивно, ментално и физички без ограничување и стереотипи.
Поминаа скоро 4 години од последниот пат кога се продадов на маж и за тоа време научив многу повеќе за себе отколку за сите во претходните години. И да не беа тие, никогаш не би станала личност каква што сум денес.Пред да зачекорам во овој непознат свет, створив и внимателно го следев планот и програмата за феминизмот и сите видови сексуална работа. Како и мн



