Последната одлука на Светска банка да и стави на располагање 25 милиони евра средства за инфраструктурни инвестиции на ниво на општини е само верификација на успешните преземени мерки, правилните економски политики и реализираните проекти.Комисијата за економија и финансии при ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола постојано ја следи работата на Владата на Република Македонија и овaј пат предмет на анализа беа инфраструктурните инвестиции.- Инфраструктурата е еден од главните услови за економски развој на државата, а токму затоа инвестицијата во новите автопати и рехабилитација на постојните патни правци е значајна, бидејќи за нивната изградба ангажирани се над 3000 македонски работници, велат од ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола.Во следните три до четири години се очекува повисок пораст на економската активност, но и поголем број вработувања во делот на ангажманот на домашни работници.Никој во поновата историјата досега не памети како истовремено се градат 3 нови автопати, 5 нови експресни патишта, како се реконструираат над 200 километри регионални патишта, како се изградија преку 400 локални патишта.Пресметките покажуваат дека во патна инфраструктура се вложуваат повеќе од милијарда евра. Досега изградени и рехабилитирани се над 85 километри автопатска мрежа, инвестиција од 70 милиони евра. Во тек е изградба и реконструкција на 142 километри автопат инвестиција од околу 800 милиони евра. Во делот на регионалните патишта, до сега се реконструирани се 55 магистрални и регионaлни патишта со вкупна должина од над 510 километри, инвестиција од 93 милиони евра. Во тек на рeконструкција се 13 регионални патишта со вкупна должина од 165 километри и инвестиција од преку 48 милиони евра, Во наредниот период треба да започне реконструкција на 11 регионални правци со вкупна должина до 200 километри и инвестиција од преку 370 милиони евра, меѓу кои се и изградба на 5 експресни патишта и тоа Штип – Радовиш, Штип – Кочани, Ранковце – Крива Паланка, Градско – Прилеп и од Охрид до Пештани.Во делот на локалната патна мрежа досега реконструирани се 404 патишта со вкупна должина од преку 750 километри и инвестиција од над 65 милиони евра. Покрај инвестициите во патиштата, континуирано се вложува и во железничкиот и авиосообраќајот. Македонија е единствената земја во регионот во која се случува инфраструктурен инвестициски бум од толку голем опсег.Комисијата за економија и финансии при ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола постојано ја следи работата на Владата на Република Македонија и овaј пат предмет на ан
Пронајдете не на следниве мрежи: