Вљуби се на Владо Георгиев за 600 денари

Годинава 14 февруари нема да биде само Ден на вљубените. Ќе биде и ден кога црногорскиот кантавтор и регионален шмекер Владо Георгиев, ќе одржи голем солистички концерт во Скопје. Спортскиот центар  Борис Трајковски, ќе биде претесен за да ги собере сите кои што сакаат во живо да ги слушнат хитовите кои што го направија Георгиев еден од најбараните музичари во регионот.
 
Организаторот на концертот Прагма Продукција, најавува ист концепт како и оној кој што Георгиев им го приреди на фановите и публиката во Комбанк арена во Белград, и тоа двапати.
Репертоар што секој го знае, атмосфера за која што секој ќе раскажува. Минатата година, концертот на Владо Герогиев, во српските медиуми беше оценет како еден од најдобрите кои што таа година и се случиле на српската метропола.
Влезниците за концертот на Владо Герогиев се пуштени во продажба по промотивни цени до 1 февруари:
ПАРТЕР СТОЕЊЕ – 600 ДЕНАРИ ФАН ПИТ – 1000 ДЕН. / СТОЕЊЕ ( ОГРАНИЧЕН БРОЈ )ТРИБИНА СЕДЕЊЕ – 750 ДЕНАРИ ( БЛОК 5,6,10 и 11 )ТРИБИНА СЕДЕЊЕ – 800 ДЕНАРИ ( БЛОК 7,8 и 9 )ТРИБИНА СЕДЕЊЕ – 900 ДЕНАРИ ( БЛОК 4 и 12 )ТРИБИНА СЕДЕЊЕ – 1000 ДЕНАРИ ( БЛОК 2 и 14 )ТРИБИНА СЕДЕЊЕ – 1500 ДЕНАРИ ( БЛОК 3 )ВИП ТРИБИНА – 2000 ДЕНАРИ ( БЛОК 13 )Информации и резервација на 078 88 47 37.
Продажните места каде што може да се набават влезници се: ½ ЈУГОТОН, ЈУГОТОН, ЦВЕЌАРА РОЗЕ ВЕРО 2, Камарад –  RAMSTOR, Tobacco Корнер, продажната мрежа на купикарти за се и низ локалните кафулиња и плоштади низ државата.
„Збогом љубави“, „Реци не или да“, „Живим сад“, „Искрено“, „Хеј ти“, „Жена без имена“…ова се само дел од песните кои што Георгиев го вивнаа на самиот врв. И само дел од песните од богатиот репертоар, кој што во живо ќе ги слушнете на 14 февруари во спортскиот центар Борис Трајковски. 
Со почеток во 21.00 часот, на грандиозната сцена во Борис, освен Владо ќе го видите и неговиот бенд, танчерки, балерини и колеги од естрадата кои што само ќе го дополнат оваа славење на музиката но и на љубовта.Спортскиот центар  Борис Трајковски, ќе биде претесен за да ги собере сите кои што сакаат во живо да ги с

Пронајдете не на следниве мрежи: