Инвестицијата во спортот е инвестиција во младите, во јакнењето на спортскиот дух, во здравиот живот, инвестиција во иднината на една држава, во промоција на државата, но и во достоинството и колективната радост, особено во моментите кога се постигнуваат значајни резултати, кога се преставува државата.Вложувањето во спортот е една од суштинските определби на ВМРО-ДПМНЕ. За да има развој на спортот клучни се две компоненти:
Прво, постоењето, или изградба и одржување на спортската инфраструктура.
Второ, поддршката на развојот на спортските таленти, клубовите, федерациите, спортските школи и академии, меѓународни настапи, поддршка на врвните спортисти и нивно негување и растење.
Кога сме кај спортската инфраструктура овие дваесетина години она што се памети се спортските објекти започнати и изградени во мандатите на владите на ВМРО-ДПМНЕ. Во сите преостанати години имавме една прилично сериозна колективна стагнација и континуирано уназадување, распаѓање и ограбување и на онаа инфраструктура која од минатото постоела, бидејќи и онаа малку што постоеше беше запуштено и не се вложуваше, одржуваше, или се даваше под некакви концесии на лица кои ретко кој од нив имаше спортски мотиви.
Фактите говорат дека во последните десет години се инвестираа над 100 милиони евра во спортска инфраструктура. Во околу 300 спортски капацитети од различен карактер, како што се 94 те спортски сали на агенцијата за млади и спорт и министерството за образование кои до крајот на годинава ќе надминат над 100 нови спортски сали, 50 те фудбалски игралишта за голем фудбал, 83-те досега завршени спортски тениски терени, 64 те завршени повеќенаменски игралишта, 5-те големи спортски игралишта, вештачката карпа за аплинизам, 5-те фитнес зони кои досега се изградени од планираните и неодамна најавени и ветени 20, дооформувањето и изградбата на спортската Арена Филип Втори македонски не само како значајна арена за фудбалски туку и за атлетски натпревари, спортскиот центар Борис Трајковски со сите пропратни содржини, како и многу други нови проекти кои во моментов се градат според утврдената и ветена динамика, како на пример остатокот од планираните сали, мултифункционални и тениски игралишта кои треба да се завршат затоа што планирани се 100 мултифункционални игралишта, 120 тенески игралишта, започнатиот базен во Охрид и повеќе други, но и оние кои допрва планираме да ги започнеме, како 150-те баскет игралишта, салата за професионална гимнастика во Центарот Борис Трајковски, затворената сала за тенис, салите за боречки спортови, отворени базени итн.
Згора на тоа ги повративме и обновивме училишните лиги во повеќе спортови и секое училиште се обврза со закон да формира повеќе училишни спортски клубови кои треба да се активни. И на ова поле имаме уште да работиме.
Зад нас се 10 години на интензивна градба во спортска инфраструктура како никогаш во историјата на земјата, и тој тренд ќе продолжи во следните 4 години, како во делот на рекреативен, така и во делот на професионален или врвен спорт.
Значи основните предуслови на постоење на задоволителна инфраструктура се речеси исполнети и тие во следните 4 години ќе продолжат да се надградуваат. Она што се чини недостасува и што обично низ повеќето држави го пополнуваат приватните компании е инвестирањето во клубовите, федерациите, и се што е врвен спорт и спортисти.
Ние во овој дел инвестиравме во отворањето и развојот на спортската академија која одлично функционира која има 4 спортови, фудбал, кошарка, ракомет и тенис, инвестиравме и во стипендии на 500 млади спортски таленти секоја година во соработка со федерациите. Тука е и финансиската поддршка која преку посебна програма АМС ја даваше на федерациите, при што основна претпоставка беше дека тие ќе обезбедат и други средства од приватниот сектор, како и во поголемиот дел држави.
Сепак, се покажа дека приватниот сектор во Македонија не го следеше трендот на инвестирање во спортот како низ другите европски држави, па дури и држави од регионот.
Од овие причини ние си зацртавме, од како веќе се изгради толку многу спортска инфраструктура, наша наредна голема активност да биде преку различни активности и мерки, давање поддршка и ветер во грб на спортистите и спортските федерации, што веруваме ќе донесе поголем успех. Спортските резултати ќе помогнат во градењето на успешни личности кои ќе бидат пример за многу млади кои ќе посакаат да спортуваат, ќе потикне помасовно занимавање со спортот и ползување на суштинските придобивки кои тој ги овозможува. Статистиката на Светската здравствена организација покажува дека спортот е основно средство за намалување на ризиците на цел еден спектар на здравствени заболувања кај човекот, придонесува за зајакнување на мускулите и на кардиоваскуларниот систем, подобрување на атлетските способности, губење или одржување на телесна тежина, го подигнува имунолошкиот систем и помага во превенција од срцева болести, дијабет и сл.
Но исто така го подобрува менталното здравје, а помага во зголемување и одржување на нивото на самодоверба, социјализација, градење на карактер.
Почитувани,
Нам ни се потребни позабележителни резултати во спортот. Токму затоа се одлучивме за неколку системски решенија и проекти кои ќе значат огромна поддршка на спортот.
Сакам да Ви соопштам неколку од нив, денес ќе соопштам 4 од нив, но и дека сме отворени за сугестии и корекции доколку пристигнат добри аргументи.
Првата мерка зголемена поддршка на државата за спортските федерации чии диспциплини се олимписки, како и зголемена поддршка на македонскиот олимпискиот комитет.
За таа намена приредувачите на игри на среќа во обложувалници, на месечна основа, за финансирање на спортот ќе издвојуваат 3% од добивката, а приредувачите на игри на среќа во автомат клуб, исто така на месечна основа, за финансирање на спортот ќе издвојуваат 1.5% од добивката. Овие средства добиени од обложувалниците и автомат клубовите ќе одат за развој на спортот, односно за спортските федерации и МОК. Приматели ќе бидат само федерациите на олимписките спортови, и македонскиот олимпискиот комитет. Сумата која се очекува по овој основ да се добие е околу 1.5 милиони евра директно за оваа намена. Во моментот олимписки спортови од федерации кои постојат и се со решение дејност спорт од Агенција за млади и спорт, се вкупно 25. Правилата за употреба на овие средства би важеле и за сите средства кои федерациите ги добиваат од државата. За таа цел ќе се пристапи кон носење на законски измени кои ќе влезат во собраниска процедура по претходна јавна расправа.
Чекори кои ќе се превземат за реализација на овој проект се:
Прво покрај законските измени, ќе се утврди прецизен правилник за распределба на средствата, и правила за нивно трошење по претходна јавна расправа. Овие средства ќе одат на посебна сметка на федерациите и МОК.
Планот е 65 осто од средствата да одат за колективни спортови, 35 осто за индивидуални спортови, но овој сооднос би го преразгледале низ јавната дебата која ќе следи. Првите две или првите 4 години средствата ќе се распределуваат линерално, а потоа делумно линеарно но делумно скалесто во зависност на постигнатите успеси и резултати на различните федерации и МОК на меѓународен план, во согласност со утврдени критериуми за тоа.
Спортските федерации овие средствата може да ги користат за:
-Организација на натреварувањето во домашни лиги. Многу често поголемиот дел од федерациите се соочуваат со основни проблеми како што е плаќање на надоместок за ангажман на судии и делегати. Овие средства ќе бидат добредојдени.
-Може да се користат и за организација на репрезентативни натпреварувања, учество на меѓународни светски и европски првенства, олимпијада и сл. Овие средства може да се користат за подмирување на трошоци за пат, престој, бонуси за натпреварувачите и тренерите, опрема, трошоци за изнајмување стадиони сл.
-За финасирање на ,,врвни тренери,, за државни и приватни клубски спортски академии за млади таленти,но не повеќе од 20 осто од средствата што исто така ќе биде предмет на јавна расправа. Дополнително ќе се порецизира кои критериуми треба да ги содржи и задоволува некој за да влезе во категорија ,,врвен тренер,,. Со ова ќе се пренесе искуство на успешни професионалци од тренажниот процес на спортистите.
Понатаму, ќе може да се користат и за:
-За уплаќање на членарини и други редовни обврски кон меѓународните спортски федерации.
-За плаќање на кирии за простории за работа на федерацијата, не повеќе од 10 осто од средствата, или отплата на кредит за купување на сопствени простории на федерацијата, не повеќе од 20 осто од добиените пари. Доколку се купат простории за федерацијата со средства од овој извор, истите не смеат да се стават под хипотека освен хипотека кон банката за купување на самиот објект и несмеат да се продадат најмалку 15 последователни години. Ова со цел спречување евентуални злоупотреби.
-За финасирање на врвни спортсти по посебен прецизен правилник поминат низ јавна дебата за колективните и за индивидуалните спортови, а притоа да се искористат не повеќе од 30 осто од средствата. Повторувам дека сите овие ограничувања и проценти ќе бидат преиспитани низ јавна расправа. Средствата ќе можат да се користат и за:
-Финасирање на надоместок на работата на членовите на извршното тело, во висина од неповеќе од една просечна месечна плата на ниво на државата, и неповеќе од 9 луѓе членови на извршниот орган, од оваа сметка. Ако сакаат да имаат повеќе членови или повисоки надохнади, средствата ќе треба да ги обезбедат од други извори. Односно доколку постои интерес и потреба за повисоки хонорари ќе се овозможи и тоа, но тогаш тоа треба да се надомести од редовната сметка на федерацијата.
-Ќе може да се користат и за финасирање на вработена администрација со полно работно време во федерацијата, за не повеќе од три лица од овие средства и не повеќе од една просечна плата за лица кои имаат завршено средно образование, и две просечни плати за лица со високо образование и над 5 години работно искуство. Нема да биде дозволено вработените да се во роднинска врска со ниту еден член на извршното тело до второ колено по сите линии. Повторно ќе кажам, ако сакаат повеќе да ги платат тоа нема да се спречи, но ќе треба да е од други извори од редовната сметка на федерацијата или МОК.
-Со цел да се оневозможи непотизам и капитално здружување со цел нарушување на принципите на работа, членовите на извршното тело и секретарот ќе се оневозможи со закон да се во роднинска врска по сите линии до второ колено со претседателот на федерацијата, ниту пак нивни компании да се капитално, или управувачки поврзани. Членовите на извршното тело не треба да се вработени или членови на управувачки органи во компанија во која доминантна сопственост има претседателот на федерацијата.
-Претседателот и членовите на извршното тело на федерацијата, не би требало да имаат сопственички удели/или да се дел од оснивачките здруженија во спортските клубови за кои тие се надлежни, или лица капитално, роднински и управувачки поврзани со нив.
Второ, бидејќи станува збор за поголема сума на средства, ќе се воспостави механизам и правила за надзор на трошењето. Најмалку еднаш во три години сите федерации кои ќе добијат средства ќе имаат контрола на искористувањето на средствата на таа посебна сметка, која што ги прима средствата од државата. Ќе се предвидат законски казни за одговорните лица во федерациите доколку незаконски се користат тие средствата.
Истовремено ќе се подигне и нивото на професионален кадар во извршните тела на федерациите. Во секое извршно тело на секоја федерација ќе се предвиди со закон да мора да членуваат најмалку два дипломирани правника, и најмалку два дипломирани економиста што ќе помогне во квалитетот на располагање на средствата.
Со ваквата мерка ќе се обезбедат повеќе средства за професионалниот спорт, за спортските федерации, МОК, но и ќе се обезбеди ред и во нивното функционирање. На овој начин ќе се влијае на подобрување на перформанските што ќе придонесе и до развој на спортот во државата.
Тоа е првата мерка.
Втората мерка која денес ја објавувам се однесува на финансирањето на клубовите и спортски федерации преку ограничено ослободување од данок на добивка на компаниите кои ќе финасираат спортски клубови и спортисти, како и спортски федерации и МОК.
Со измена на закон ќе се овозможи и прецизира финасирање на спортски клуб, при што за делот на финасирањето средствата кај финансиерот би биле одбиени при плаќањето данок на добивка, а по утврдени правила:
-Секоја компанија која дава вакво финасирање за кое ќе добие ослободување од данокот на добивка, може да е максимум во висина од 20 осто од нивната годишна добивка, додека за делот меѓу 20 и 30 осто од добивката се ослободува 50 осто. До 20 отсо, 100 отсо ослободување, меѓу 20-30 отсо од добивката ако инвестираат ќе имаат 50 отсо ослободување.
Над 30 осто од добивката не би имало ослободување на данок од добивка.
На пример, компанија која има добивка од 1 милион евра и за тоа треба да плати данок на добивка, доколку инвестира 200 илјади евра во некој спортски клуб или федерација, за истиот износ би била ослободена од плаќање данок на добивка кон државата. Доколку инвестира уште 100 илјади евра, за тие 100 илјади евра ќе биде ослободена од 50 илјади евра данок на добивка.
Значи фирмите ќе може наместо на државата да инвестираат во клубовите, спортистите и федерациите доколку самите така одлучат.
На пример, компанија која има добивка од 1 милиони евра и за тоа треба да плати данок на добивка, доколку инвестира 200 илјади евра во некој спортски клуб или федерација, за истиот износ би била ослободена од плаќање данок на добивка кон државата. Доколку инвестира уште 100 илјади евра, за тие 100 илјади евра ќе биде ослободена од 50 илјади евра данок на добивка.Значи фирмите ќе може наместо на државата да инвестираат во клубовите, спортистите и федерациите доколку самите така одлучат.
Позитивни исклучоци поради тоа што се поскапи спортови ќе има кај:
Прво фудбалот, наместо 20 ќе биде овозможено 30 осто од добивката да се финасира со 100 осто ослободување, а од 30 до 40 осто од добивката со 50 осто ослободување.
Значи со пример, ако компанијата од 1 милион евра добивка инвестира во фудбалски клуб 300 илјади евра тогаш тој износ не го плаќа на државата како данок на добивка, а ако инвестира уште 100 илјади евра во клубот, тогаш ќе плати данок на добивка само 50 илјади евра.
Втор позитивен исклучок е кошарката и ракометот каде наместо до 25 осто од добивката ќе има 100 отсто ослободување од данок на добивка, а од 25 до 35 отсто, 50 осто ослободување од данок на добивка. Изразено преку пример, ако компанија со 1 милион евра добивка инвестира во кошаркарски или ракометен клуб 250 илјади евра, за тој износ ќе и се намали данокот на добивка. А ако покрај 250 илјади евра се одлучи да инвестира уште 100 илјади евра тогаш за тие ќе плати 100 илјади евра, ќе плати само 50 илјади евра данок на добивка.
Ова ќе значи директно откажување на државата од приливот на дел од средствата од данок на добивка во буџетот, во корист на спортот, на клубовите, на федерациите и на врвниот спорт. Потенцијално на пример за следната година каде во буџетот е предвидено приближно 200 милиони евра да изнесува данокот на добивка ова ќе значи од прилика дека околу 50 милиони евра се потенцијални пари кои наместо во буџетот, компаниите кои остваруваат добивка ќе може да ги вложат во спортските клубови, спортските федерации, МОК и врвните спортисти. И се разбира за тој дел да бидат ослободени од данок на добивка.Ова ќе значи, со обзир дека државата средствата кои треба да и припаднат во буџетот ги става на располагање на спортските клубови, спортските федерации и спортисти, таа државата е исто така е должна да внимава како ќе се трошат тие пари, да воспостави правила и надзор над нивното користење, со цел да спречи нивна можна злоупотреба.
Па така со цел да се оневозможи правно изигрување на прописите ќе биде забрането клубот по било кој основ да ги врати парите во истата компанија или во компании кои се роднински, капитално или управувачки поврзани, вклучувајки и во трошоци за стоки и услуги, бидејќи тоа би значело затајување данок или перење пари.
-Ќе биде исто така забрането парите, клубот по било кој основ да ги исплаќа на било кое одговорно лице во компанијата, којашто финансира.
-Нема да е дозволено средствата добиени како спонзорство, а за чии износ кои спонзорот се ослободува од плаќање на данок на добивка кон државата, кои ќе се уплаќаат на посебна сметка и од нив не смее да се префрлаат парите на редовна сметка или друга сметка на клубот или федерацијата, или пак да се исплаќаат обврски по договори од редовната сметка.
-Средствата може да се трошат за строго утврдени намени одредени со правилник кој ќе го носи Владата по претходно мислење на министерството за финансии, министерството за правда и агенцијата за млади и спорт, и секако по претходна јавна расправа и дискусија со федерализациите, клубовите и МОК.
Средствата добиени на овој начин ќе може да се трошат за:
-Плати, недоместоци и бонуси на спортистите и стручниот штаб, по утврден правилник на клубот и писмено пријавен во федерацијата.
-Организација на патувања и престој на клубот во земјата и странство заради натпреварувања или подготовки, согласно законот за јавни набавки.
-Изнајмување или градба на сали или терени за натпреварување која треба да се спроведе по начелата на законот за јавни набавки. Плаќање на кирии за простории за работа на клубот, не повеќе од 10 осто од средствата годишно, или отплата на кредит за купување на сопствени простории на клубот, не повеќе од 20 осто годишно од добиените пари со вакво ослободување од данокот на добивка. Се разбира дека процентите ќе бидат преиспитани низ јавната расправа. Доколку се купат простории за клубот се предвидува со средства од овој извор, истите не би требало да се ставаат под хипотека и освен хипотека кон банката за купување или градба на самиот објект. Не смеат да се продадат најмалку 15 години, со цел спречување можни злоупотреби.
– Понатаму ќе можат да се користат за патување на поединци заради стручни семинари, стручни конференции и усовршувања, согласно законот за јавни набавки, а по претходна изгласана и потпишана одлука на извршното тело.
– Ќе можат да се користат за плаќање на котизации и членарини.
– За набавка на опрема и реквизити која треба да се спроведе по законот за јавни набавки.
-Плаќање на трошоци за комуналии на клубот или федерацијата.
-Најмалку еднаш во три години секој клуб или федерација која примила ваква подршка, ќе биде подлежна на контрола и ревизија на државниот завод за ревизија, во делот на потрошените средства добиени по основ на данок на добивка.
Ќе се предвидат законски казни за одговорните лица во клубовите или федерациите, доколку незаконски се користат средствата.
Истовремено се предвидува приматели на вакви донации да може да се спортски федерации или клубови од првата лига, кои задолжително мора да имаат и младинска школа, значи спортски федерации или клубови од првата лига кои задолжително мораат да имаат и младинска школа. Значи услов за примање на средствата односно примање пари од спонзори кои ќе бидат ослободени од данок на добивка е овие клубови од првата лига да имаат и свои младински школи во спортови каде има натпреварување во организирана лига, освен за фудбал каде може да се опфати и втората лига, со оглед на тоа дека станува збор за популарен, скап и многу организиран спорт.
-За клубовите кои немаат организирана лига,како атлетика, гимнастика, пливање, ватерполо и слично. Може да се признаат до 5 осто од добивката на една компанија, и тоа само за еден таков клуб во една календарска година. Заради спречување на можни злоупотреби.
-Во секое извршно тело на секој клуб приматели на вакви спонзорства, ќе мора да членуваат најмалку два дипломирани правника, и најмалку два дипломирани економиста со цел да допринесат за поквалитетно користење на средствата.
Исто така оваа мерка ќе опфати и подршка на поединечни врвни, активни спортисти до 35 години старост, и со конкретни домашни и меѓународни резултати (на пример: самостоен тенисер, професионален боксер, пливач, итн), со што поддршката на индивидуални спортисти ќе биде до 6 отсто на добивката за оние кои се занимаваат со олимписки спортови и до 3 отсто од добивката на една компанија ќе може да биде ослободена од данок на добивка за други видови на спортови кои не се олимписки спортови.
Можноста за ваков начин на финасирање важи до моментот во годината додека спортистот ги исполнува условите поврзани со постигнатите резултати. На пример ако до јуни има најдобар, или втор најдобар резултат на трки до 100 метри до тогаш тие што ќе ги финасираат може да добијат ослободување од данок на добивка, потоа не. Ако од јули на пример друг има најдобар резултат, тогаш тие кои ќе го финасираат тој друг, тие имаат право на финасирање со ослободување од данок на добивка. Овие одредби ќе се прецизираат со правилник и во соработка со федерациите и ќе има дополнителна јавна расправа за да не се направат грешки.
-Средствата добиени по ваков основ кај клуб или спортист, не смее да се плаќаат кон спонзорот назад на било кој начин ниту кон него, ниту кон капитално, роднински или управувачки поврзани лица, или пак лица со управувачки позиции вработени кај него.
-Секој клуб и федерација на вакви средства се должни најдоцна до 15 ти март во наредната година да објават колку и од кого примиле сонзорства од ваков вид, и за кои намени колку потрошиле.
Федерацијата е должна во истиот период да ги објави на својата веб страна ваквите извештаи на сите клубови и спортисти приматели на вакви помошти, а тие се должни најдоцна до 10 март во наредната година да ја известат федерацијата писмено за она што треба да се направи. АМС ќе треба да изработи теркови за објавите а да бидат стандрдизирани и унифицирани. Тоа е околу втората мерка и околу потенцијалните 50 милиони евра годишно за македонскиот спорт.
Третата мерка е директно буџетско финансирање на спортови кои немаат своја лига во смисла на организирање на нивна лига.
Постојат популарни спортови за кои Македонија има успешна традиција кои не се професионално организирани во соодветна спортска редовна лига. Токму преку оваа мерка ќе се идзвојат до 700 илјади евра годишно од буџетот за финансирање на таквата лига. Спортовите чии создавање на лиги ќе се финансираат ќе бидат различни, а првиот спорт кој ќе го поддржиме веќе во 2017-та година ќе биде формирање лига во боксот.
Станува збор за популарен олимписки спорт, кој иако кај нас е присутен нема задоволително ниво на организација односно лига, а имаме успешна трација на врвни и успешни боксери од минатото што значи има доволно стручен кадар. Формирањето на лига ќе изроди квалитет кој потоа ќе озвоможи негово самостојно финансирање. За цел формирање на лигата ќе се организира квалификационен турнир од страна на Агенцијата за млади и спорт на сите клубови кои ќе се пријават, при што најдобрите 8 тима односно клубови ќе влезат во првата лига, а вторите 8 во втората лига, и оваа лига ќе започне да функционира од септември 2017-та година. Надвор од државниот надомест наменет за секој боксер, ако клубот обезбеди дополнителни спонзорства со новите можности за ослободување на данок на добивка може да им се даде и додатни средства на своите боксери и тренери од она кое ќе биде обезбедено директно од државата.
А, што ќе биде обезбедено:
Во однос на директната поддршка која ќе се доделува боксерите во првата лига директно ќе се плаќаат од АМС од коло, и првичните замисли се во натпреварот клуб со клуб, дома и во гости, секој поединечен боксер победник на секој меч да добие 350 евра награда, а поразениот 150 евра за првата лига, за нерешен резултат двата боксери би добиле по 200 евра, и 30 осто помалку за втората лига, тренерот исто така по 200 евра од меч, помошникот тренер 100 евра, плус за лекари, делегати, и судии при што и овие износи не се финални, и ќе бидат дел од јавната расправа. Победа на клубот носи 2 бода, пораз нула, нерешено по 1 бод. Еден викенд би имало коло во првата лига а втор викенд во втората лига меѓу септември и мај, тоа е првичната замисла која ќе биде поставена на јавна расправа и дискусија со боксерската федерација. Секој клуб ќе треба да обезбеди боксер во секоја категорија, и може да му фалат натпреварувачи максимум во три категории, во кои би му се сметал службен пораз. Втората лига би можела да биде поделена на втора лига исток и запад.
Шампионите од двете лиги би влегувале во првата лига. За тие клубови кои се надвор од првата и втората лига би се организирал годишен турнир еден во источниот и еден во западниот дел на Македонија. Победниците би влегле во втора лига, а последните два од втора лига би испаднале и би чекале шанса за следната година преку турнирот да влезат во втора лига. Доколку федерацијата сама обезбеди средства ќе има можност и за формирање на трета лига државата нема да го попречи тоа се разбира. Клубот шампион ќе добие 20 илјади евра годишна награда, вице шампионот 10 илјади евра годишна награда. Секоја екипа во прва и втора лига на секој меч мора да има лекар, за него ќе се одвојуваат како што кажав по 100 евра од меч, независно дали ќе победат или загубат натпреварувачите. Лекарот треба да присуствува и на самите тренинзи.
Сите спортски клубови еднократно ќе добијат најнеопходна професионална опрема, како ракавици, дрес, и патики, маски итн.. Ќе се формира и македонска боксерска репрезентација која ќе има мечеви со репрезентации од други држави и ќе се бори за места на меѓународни првенства и олимпијади ). За оваа цел веќе се утврдени средства во планираниот буџет од министерството за финансии за 2017-та година. Тоа е за првиот спорт кој што ќе се поддржи за да се формира лига и чија поддршка ќе биде директно од државата.
Втор спорт за кој има размислување да се поддржи формирање на лига е карате за жени и мажи и тоа со почеток од септември 2018-та, по правила по кои ќе се утврдат заеднички во комуникација со федерацијата на карате,а во наредните години ќе продолжиме секоја година со уште по еден друг спорт кој што нема организирано лига да го поддржиме.
Средствата добиени за оваа намена може да се трошат за строго утврдени намени и критериуми одредени со правилник кој ќе го носи Владата по претходно мислење на министерството за финансии, министерството за правда и агенцијата за млади и спорт и се разбира консултација со федерацијата. Ќе се предвидат законски казни за одговорните лица во федерациите, доколку незаконски се користат средствата. Ќе се предвиди кривична одговорност доколку дојде до нарушување на законските норми.
Последната 4-та мерка за денес е ангажман на врвни тренери од странство во спортските академии каде се градат младите и идни врвни спортисти. Планот е да се донесат докажани успешни тренери од странство во спортските академии, да помогнат во градењето на новите фудбалери, кошаркари, ракометари, тенисери. Планот е овие тренери да се со поголеми успеси како тренери во нивната тренерска кариера, подобри од било кој тренер во Македонија според успесите и искуствата. И оваа мерка ќе почне да се применува дел по дел од година во година, почнувајки од септември 2017-та во соработка со спортската академија и спортските федерациите. За следната година веќе се обезбедени пари во буџетот предложен од МФ, за ангажман на првите тренери со поголеми меѓународни успеси кој на постојана основа ќе е ангажиран со договор и ќе работи во фудбалската академија во Скопје. Значи првиот тренер ќе биде ангажиран во фудбалската академија во Скопје, а потоа во секоја година тоа ќе се проширува и во другите градови но и во другите спортови.
Од 2018-та како што кажав ќе се продолжи со ангажман и на други градови и спортови.
Почитувани,
Ова се дел од плановите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за директна подршка на спортот и спортистите, клубовите, федерациите во Македонија, со сите можни заштитни механизми од можни злоупотреби. Како што кажав на почетокот во периодот што следи ќе бидеме отворени за сугестии и насоки од спортистите, федерациите, и спортските работници, МОК, и други професионални познавачи на спортот кои ќе придонесат за носење на квалитетни решенија за напредок во спортот. Цврсто сум убеден во потенцијалот на македонските спортисти, но и во желбата и мотивираноста за успех. Наша обврска е подеднакво да се грижиме за сите сфери што се интерес на македонскиот граѓанин, а спортот е многу повеќе од обична игра. Тој е втемелувач на карактерот на човекот, колективно задоволство а многу често и амбасадор на државата. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да гради и создава услови за развој. Граѓаните тоа го препознаваат,и знаат дека ние тоа што ќе го ветиме, ќе го оствариме, ќе го реализираме.
Ви благодарам,
Да сте живи и здрави, и да работиме заедно за меѓународни успеси на македонските клубови, спортисти и репрезентации.
Вложувањето во спортот е една од суштинските определби на ВМРО-ДПМНЕ. За да има развој на спортот клучни се две компоненти:
Прво, пос