ВМРО­ ДПМНЕ ОК Куманово и „Доверба“ донираа за децата во социјален ризик

Комисијата за образование при ВМРО­ ДПМНЕ ОК Куманово донираше за 10 деца во социјален ризик, а невладината организација „Доверба“ подели пакетчиња и подароци на 15 деца. Целта е на на овие деца да им ги разубават празниците и да им ја честитаат Новата година.„Од донациите што беа собрани при крајот на месец септември, издвоивме средства и обезбедивме пакетчиња чија што содржина е ученички прибор и топла облека и на 10 деца од социјално загрозени семејства ќе подариме пакетчиња. На сите жители на општина Куманово, посебно на малите дечиња им посакувам сè најубаво во Новата година, посебно радост, среќа и успех во деновите што претстојат“ ­ вели Кети Димковска од комисија за образование при ВМРО­ДПМНЕ ОК Куманово.
Од „Доверба“ објаснуваат дека работеле со самохрани мајки, проект финансиран од Владата и сега сакаат да ги израдуваат нивните најмили, нивните деца.
Да им посакаме сè најдобро во Новата година, да има помалку ранливи категории, помалку разделени семејства, а ние сме тука да соработуваме, да помагаме. Ние соработката со оваа група ја продолжуваме, со нив, со нивните семејства, да ги зајакнеме и секој момент да им го направиме што посреќен ­ рече Дивна Јанкова, претседател на „Доверба“. “
Од комисијата за образование на ВМРО­ДПМНЕ и „Доверба“ рекоа дека повторно планираат донација за некој од претстојните верски празници.„Од донациите што беа собрани при крајот на месец септември, издвоивме средства и обезбедивме пакетчиња чија што содржина е ученички прибор и

Пронајдете не на следниве мрежи: