Кире Наумов, аболицираниот криминалец Зоран Заев и СДСМ не може да побегнат од одговорноста за финансискиот тероризам кој го сторија при издавањето на еврообврзницата.Интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на СДСМ (на тема финансии)
Наумов, аболицираниот криминалец Заев и СДСМ ќе одговараат за директната штета од 25 милиони евра која им ја нанесоа на граѓаните на Република Македонија.
Наумов, Заев и СДСМ не може да го исперат срамот од нивниот антидржавен обид за нарушување на финансиската стабилност и финансиските текови во Македонија. СДСМ бесрамно со сите сили преку манипулации и притисоци до светските финансиски институции се обиде да создаде вештачка паника која директно се одразува на угледот на земјата. Разликата во каматата од првото издавање на еврообврзницата кое беше одложено поради деструктивното делување на Заев и СДСМ, до второто издавање е најдиректна заслуга само на финансиските терористи од Бихаќка.
25 милиони евра е штетата која директно ја предизвика СДСМ. Овие пари кои можеа да се искористат за изградба на нови или реконструирање на постојни училишта, студентски домови, спортски сали, библиотеки, градинки или болници, ќе завршат во туѓи џебови само поради финансискиот тероризам на СДСМ. Ова не е прв пат финансиските терористи од СДСМ на чело со аболицираниот криминалец Зоран Заев свесно да креираат паника.
Неодамна во ист ваков чин на финансиски тероризам и вештачки создадена паника натераа граѓани, без постоење на објективни причини, да ги повлекуваат заштедите и да изгубат огромни милионски средства на име на камати. СДСМ се води по логиката „колку полошо за Македонија, толку подобро за СДСМ“.
СДСМ се грижи само за личното богатење, нарушување на угледот на Република Македонија и одржувањето на состојбата на криза и агонија за граѓаните, бидејќи само во таква состојба СДСМ е фактор во државата. Интересот за издадената еврообврзница е уште еден доказ од најголемите светски финансиски институции дека Заев и СДСМ лажат и водат поразувачки политики со единствена цел да и наштетат на Република Македонија.
Граѓаните тоа добро го знаат и затоа му забрануваат на СДСМ да се доближи до власта. Аболицираниот криминалец Заев и СДСМ ќе одговараат пред народот за сите штети кои свесно и ги нанесуваат на државата. Сметката ќе им биде испорачана на изборите.Интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на СДСМ (на тема финансии)
Наумов, аболицираниот крими