ВМРО- ДПМНЕ: Аболицираниот криминалец Зоран Заев уште еднаш потврди колку е мудар македонскиот народ и како ги има прочитано и опишано карактерите како него

Аболицираниот криминалец Зоран Заев уште еднаш потврди колку е мудар македонскиот народ и како ги има прочитано и опишано карактерите како него.Аболицираниот криминалец Зоран Заев ја потврди точноста и вистинитоста на народната изрека “кој лаже, тој краде”.
Под целосна морална и материјална одговорност, на судски записник, како и секој друг криминалец што сака да ја избегне правдата, аболицираниот Зоран Заев го излажа судот дека имал средба со италијанскиот амбасадор Карло Ромео.
Аболицираниот криминалец Заев лажеше без око да му трепне само за уште еднаш да одложи рочиште и да го развлече предметот за поткупот што го бараше од струмички бизнисмен по неговиот принцип “евро за црквата, евро за Вицето”.
Италијанскиот амбасадор веднаш ја демантираше информацијата дека воопшто имал каква било средба.
На истото рочиште, аболицираниот криминалец Зоран Заев најпрвин бараше изземање на обвинителот.
Повторно со лага дека се водела кривична постапка против него.
Ваквиот срамен однос на аболицираниот криминалец Зоран Заев кон државата и институциите мора да прекине. Институциите не смеат веќе да ги толерираат манипулациите на патолошките лажговци.
Заев мора да одговара за изнудата врз струмичкиот бизнисмен. Само од овој рекет, Заев се товари дека сакал да се збогати за дополнителни речиси 200 000 евра.
Ова е истиот Заев кој е аболициран за криминал тежок над 7 милиони евра за случајот Глобал.Аболицираниот криминалец Зоран Заев ја потврди точноста и вистинитоста на народната изрека “кој лаже, тој краде”.
Под ц

Пронајдете не на следниве мрежи: