ВМРО-ДПМНЕ апелира СДСМ да се однесува демократски и конструктивно. Во име на демократијата, правото на слобода на говор и правото на слобода на информирање, ВМРО-ДПМНЕ го повикува СДСМ да прифати било кој закон за медиуми од една од 28-те земји членки на ЕУ.Во име на демократијата, правото на слобода на говор и правото на слобода на информирање, ВМРО-ДПМНЕ го повикува СДСМ да прифати било кој закон за медиуми од една од 28-те земји членки на ЕУ. Законот на земјата членка на ЕУ кој ќе го одбере СДСМ ќе го прифатиме веднаш и ќе започнеме со негова имплементација.
Недозволиво е една политичка партија да заговара ригорозни казни и сака да ги инсталира сопствените невладини експоненти во највисоките раководни тела на Агенцијата за медиуми како што тоа го прави СДСМ во својот предлог.
Недозволиво е СДСМ на своите соросови инсталации да им го даде правото преку највисоки казни и одземање на лиценци да се пресметуваат со медиумите кои Заев и СДСМ ги ставаат на листата на свои политички непријатели.
Незамисливо е во една цивилизирана земја СДСМ отворено да врши притисок кон медиумите кои не се под диктат на централата од Бихаќка и да им се заканува со цензура или одземање на лиценци доколку не се по вкусот на лидерот на опозицијата и неговата партија.
Тоа го нема никаде во цивилизираниот свет. Ваквите методи на пресметка со медиумите какви што заговараат Заев и СДСМ има само во ИСИЛ и во Северна Кореја.
СДСМ ги почитува различните мислења само кога се исти со нивните. Кога се различни од нивните, тоа се мислења на политички непријатели кон кои Заев и СДСМ имаат комуникација од следниот вид: „кога зборувате труе, ширите радијација, поголем изрод од вас не постои, вие сте злосторничка банда, политички непријатели, овие вести се ку*тон вести, вие сте криминалец, вие лажете, ова е лага како и сите лаги сите овие години, Латас е српски шпиун, единствена странска служба сте вие, труете од што лажете, болумента, алооо началниче…“
Ова е односот на СДСМ кон своите медиумски непријатели. Ова е речник од кој се срами секој граѓанин на Македонија. Очекуваме СДСМ да се огради и извини за ваквиот настап и ваквиот недоличен однос кон јавноста и медиумите од страна на нивниот лидер Зоран Заев, авторот на цензорските предлози на СДСМ.
Против цензорските предлози на СДСМ застана целата новинарска фела.
Против личната пресметка на Заев и СДСМ со медиумите кои тој ги прогласи за најголеми политички непријатели на неговата партија ќе застане и секој нормален човек со чувство за демократичност и почит на основните човекови права на слобода на говор и слобода на информирање.
Ваквите луди предлози на СДСМ не се за заборав, туку самото нивно постоење нанесува вистинска штета за демократијата.
Зоран Заев и СДСМ никогаш нема да ја добијат поддршката од народот на кој сакаат нивното сопствено мислење и партиски ставови да му ги наметнат како единствени, а секој кој ќе ги опонира да биде жестоко казнет.
И Уставот на Република Македонија е политички непријател на СДСМ бидејќи предлозите на СДСМ се спротивни на Уставот – исто како што се спротивни и на голем број меѓународни директиви, декларации и повелби.
Граѓаните имаат право на слобода на размислување, слобода на говор и слобода на информирање. ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе се бори за интересите на граѓаните на Република Македонија и нивните права и слободи.Во име на демократијата, правото на слобода на говор и правото на слобода на информирање, ВМРО-ДПМНЕ го повикува СДСМ да прифати било кој закон за