До нас стигнаа информации објавени на многу бугарски информативни медиуми дека пратениците во бугарското Собрание веќе добиле можност да направат увид и да го погледнат нацрт договорот односно усогласениот договор помеѓу Република Македонија и Република Бугарија, вели Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.Тоа е објавено во бугарските медиуми и нас ни создаде дополнителна грижа и дополнителна одговорност да преземеме иницијатива како пратеници во Собранието на Република Македонија во име на граѓаните и во име јавноста уште еднаш дополнително да побараме од Владата на Република Македонија, од премиерот Заев и од министерот за надворешни работи Димитров да направат можност и пратениците во македонското Собрание во име на граѓаните да имаат увид во овој нацрт усогласен договор со цел да се избегне било каков сомнеж за содржината и за целите на тој договор.
Од тие причини, шест пратеници денес меѓу кои јас, господинот Антонијо Милошоски, господинот Никола Попоски, господинот Емил Димитриев, господинот Трајко Вељаноски и господинот Влатко Ѓорчев се одлучивме да упатиме писмо до господинот Заев и господинот Никола Димитров. Дозволете ми да ви го прочитам писмото во целост, а во текот на денот ќе ви биде и доставено.
„ДО:
-Претседателот на Владата на Р. Македонија, г-дин Зоран Заев
-Министерот за надворешни работи, г-дин Никола Димитров
Почитуван Министер,
во Македонската јавност пристигнуваат информации од бугарските медиуми за наводни елементи на текст кој бил прифатен од Македонската Влада во однос на содржината на билатерален Договор помеѓу двете земји.
Во рамки на официјалната комуникација од македонски владини институции, срамежливо се потврдува дека текстот на Договорот е усогласен. Во јавноста се остава впечаток дека се прифаќа текст кој Владата посакува да го формализира надвор од очите на јавноста. Ваквата нетранспаретност е извор на загриженост
Собранието на Република Македонија, согласно уставот и законот за Надворешни работи има носечка улога во водење на надворешната политика. Оттука, цениме дека загриженоста може да биде надмината преку споделување на нацрт текстот или на усогласениот текст на договорот, со пратениците во Собранието на Република Македонија, како претставници на граѓаните. Тоа би било и во духот на ветувањата за транспарентност во работењето од страна на Претседателот на Владата на Р. Македонија г-дин Зоран Заев, како и на Вашите изјави дадени пред Комисијата за Надворешна политика дека текстот на договорот ќе биде споделен со пратениците во Собранието на Република Македонија, чија вклученост и поддршка самите ја побаравте.
Конечно, дали Владата на Република Македонија се’ уште стои на тоа дека ќе работи заедно со опозицијата за прашања од национален интерес и гарантира транспарентност или веќе во првата прилика ги газите принципите што ги најавивте, а од опозицијата очекувате да ви поддржи ваши договори без да може да учествува во процесот?
Ве поздравуваме, во очекување на текстот од Договорот и најскора заедничка дискусија во Собранието на Република Македонија околу националните позиции на оваа тема.“Тоа е објавено во бугарските медиуми и нас ни создаде дополнителна грижа и дополнителна одговорност да преземеме иницијатива како пратеници в