Казната од граѓаните за сета деструкција, измислици, манипулации и работење на штета на државата ќе ги стигне наскоро, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.Во продолжение интегрален текст од соопштението:
Ниту едно соопштение на СДСМ не може да го промени фактот дека Владата предводена од ВМРО – ДПМНЕ во изминатите години го зголеми буџетот за образование за повеќе од 72%. Фактот што изгради 74 нови училишни објекти, од кои 3 во летниот период годинава – ново средно училиште во општина Сарај, нов училишен објект за потребите на ОУ “Невена Георгиева Дуња“ во Кисела Вода кој ги заменува бараките стари 50 години и нов училишен објект во состав на основното училиште “Димитар Беровски“ во населбата Хром во Ѓорче Петров. Истите целосно се опремуваат и ставаат во функција на учениците и наставниците. Буџетот на СДСМ за оваа намена изнесуваше 0 денари.
За потсетување, последен пат пред 2006 година нов училишен објект е изграден пред осамостојувањето на државата.
Повеќе од 400 училишта се реконструирани, од кои 60 само во оваа година. Се изградија и 55 училишни спортски сали, по 10-тина на годишно ниво откако е започнат проектот.
Веќе 8-ма година по ред се имплементира концептот на бесплатно образование, преку обезбедување бесплатни учебници за сите основци и средношколци, како и бесплатен превоз за оние кои живеат на повеќе од 2,5 километри оддалеченост од училиштето.
Во време на мрачното владеење на СДСМ, семејствата на учениците плаќаа големи суми на средства за набавка на учебници и превоз до училиште.
Денес во училиштата се применуваат најсовремени програми и учебници изработени и одобрени од најголемиот светски снабдувач со квалитетни наставни програми и учебници – Меѓународниот центар при универзитетот Кембриџ. Истите редовно се дистрибуираат до учениците на почетокот на секоја учебна година. И учебната 2016/2017 година започна успешно во сите општини и населени места во државата.
Болката на СДСМ е што македонскиот образовен систем оди напред. Затоа секојдневно преку изнесување невистини се обидуваат да ја манипулираат јавноста и да го дискредитираат работењето на Владата предводена од ВМРО – ДПМНЕ во континуираното подигнување на квалитетот на воспитно-образовниот процес и во унапредувањето на образовната инфраструктура.
Но, стопати кажана лага од СДСМ не станува вистина. Казната од граѓаните за сета деструкција, измислици, манипулации и работење на штета на државата ќе ги стигне наскоро. Бегање повеќе за СДСМ нема.Во продолжение интегрален текст од соопштението:
Ниту едно соопштение на СДСМ не може да го промени фактот дека Владата предводена од ВМРО