Честитка по повод празникот католички БожиќВМРО-ДПМНЕ на граѓаните во Република Македонија кои денес го прославуваат Рожденството Христово – Божиќ според Грегоријанскиот календар им го честита големиот христијански празник и им посакува најпријатни празнични мигови.
ВМРО-ДПМНЕ посакува луѓето празничните денови да ги минат во духот на христијанските пораки за мир и разбирање меѓу себе. Овие празнични мигови нека донесат светлост во секој дом и нека не' потсетат дека Божиќната радост треба да биде споделена со најблиските, соседите и пријателите.
Посакуваме овој голем празник да ни го осветли патот и да не' научи да живееме во мир и спокојство, заеднички радувајќи се на успесите и заеднички работејќи за нашата благосостојба. Само така ќе ја постигнеме заедничката цел, напредок на нашата Македонија.ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните во Република Македонија кои денес го прославуваат Рожденството Христово – Божиќ според Грегоријанскиот календар и