Да можеа да видат Стефан Богоев и СДСМ што ценат и сакаат граѓаните, немаше 10 години да се во опозиција.Реакција на соопштението на СДММ
Наместо да поздрават една мерка или проект за младите, Богоев и СДСМ продолжуваат со политиката на ароганција и манипулација од која се грози секој млад човек.
Од скапите автомобили во кои се вози Богоев не се гледа бесплатниот јавен превоз кој го користат неговите врсници благодарение на мерките на ВМРО- ДПМНЕ.
Од хациендата во која живее Богоев далечно изгледаат и студентските домови во кои неговиот СДСМ ни прашина не избриша. Од таму не се гледа ниту потребата од големиот проект „Купи куќа за млади“ кој наиде на одличен прием.
Младите кои не се вработија како пратеници како Богоев за да земаат плата иако 15 месеци не се појавуваа на работа, имаа реална потреба од субвенционирањето на работните места за млади до 29 години.
Огромното намалување на партиципацијата на државните универзитети не му значи ништо на студентот на приватни колеџи Богоев.
Меѓутоа, после петти јуни и Богоев ќе има бенефит од овие мерки и проекти, особено од оние кои го подобруваат видот.
Еве ги денешните најнови 6 промовирани проекти:
1. Бесплатна ласерска корекција на диоптрија за студентите кои имаат проблем со својот вид – со овој проект се предвидува овозможување на корекција на диоптријата за сите студенти од 18 до 26 години кои се од семејства со остварен нето приход до 115.000 денари на годишно ниво, за над +/- 2 диоптри.
2. Бесплатни леќи – очни помагала за студенти и средношколци. Со овој проект ќе се субвенционираат ортопедски-очни помагала, меки леќи за сите студенти и средношколци од 14 години до 26 годишна возраст, од семејства во кои вкупните месечни приходи не го надминуваат просечниот бруто износ во државата од 32.741,00 денари, до завршување на циклусот на учење и студирање.
3. „Студент фест“, голем студентски фестивал – проект во 4 општини (Штип, Битола, Охрид и Градот Скопје) Во општините Штип, Битола и Охрид фестивалот Студент фест ќе се одржува еден ден во годината, додека во Скопје ќе трае повеќе денови на 6 плоштади каде претходно најавивме дека ќе се градат мултифункционални бини. На овој фестивал ќе настапуваат млади гаражни бендови кои ќе имаат можност за преставување и натпреварување додека во вториот ќе гостуваат познати диџеји.
4. Субвенции за купување на музички инструменти – проект преку кој секоја година ќе бидат субвенционирани до педесет (50) музичари годишно со еднократен паричен надомест од 75% од сумата за купување на нов инструмент, но не повеќе од 100.000 денари.
5. Бесплатен здравствен преглед за спортските репрезентативци – сите репрезентативци во младински категории два пати годишно ќе имаат редовен спортски-здравствен преглед
6. Нови читални во Прилеп, Струга и Гевгелија – досега во овие три градови немаше ваков адекватен простор опремен и со компјутери, а се работи за места каде има студенти, факултети и дисперзирани студии на различни факултети.
Покрај овие шест нови проекти за младите, во изминатиов период беа промовирани уште 34 други мерки и проекти кои директно ќе влијаат на подобрување на квалитетот на живот на младите лица во Македонија:
1. Намалување на партиципацијата за 50% за студентите од самохрани и еднородителски семејства
2. Отворање на специјализирана национална математичка гимназија, која ќе нуди образование по посебни наставни планови и програми
3. Нов отворен базен во комплексот на Спортскиот центар „Борис Трајковски“
4. Нов Конгресен центар во Охрид
5. Парична стимулација за упис на техничките факултети
6. Возобновување на Учителската школа во Скопје
7. Изградба на современи и подвижни бини за настани и манифестации на плоштадите
8. Еден клик
9. Промена на студентскиот статус
10. Саем на средношколски иновации
11. Отворен пливачки базен во општина Шуто Оризари
12. Нова спортска сала за Факултетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид
13. Затворена тениска арена во рамките на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје
14. Гимнастичка сала во рамките на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје
15. Нов амфитеатар со 9.000 седишта во Скупи за одржување на концерти, претстави и други културни настани со што овој амфитеатар ќе биде единствен во целиот регион
16. Загарантирано вработување на 100-те најдобри студенти на додипломски студии секоја година
17. Комплетно реновирање на градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје
18. Стипендии за средношколци кои ќе освојат награда на научна олимпијада и за нивните професори
19. Нови пет скејт паркови во Штип, Кавадарци, Охрид, Тетово и Куманово
20. Целосна реконструкција на Офицерскиот дом во Битола во кој ќе биде сместена новата матична служба во Битола за регистрација на брачните парови
21. Купи куќа за млади
22. Средношколска среда
23. Бесплатен јавен превоз за редовни студенти од државните универзитети
24. Бесплатни патувања за најдобрите студенти во Париз, Венеција и Барселона
25. Железнички викенд за млади до 27 години, 1 и 3 викенд од месецот
26. Бесплатна обука за основни компјутерски вештини и странски јазици (англиски, француски и германски) за млади до 29 години
27. Перални и сушални во студентските домови низ државата
28. Изградба на фитнес зони во 18 градови низ Република Македонија
29. Отворање на нови читални во Велес, Струмица и Аеродром
30. Изградба на 150 игралишта за баскет
31. Инвестирај во својата иднина – стипендирање на постдипломски и докторски студии
32. Ново матично во Скопје
33. Изградба на нова голема мултифункционална читална во Скопје
34. Комплетно реновирање на национална универзитетска библиотека Свети Климент Охридски.
Покрај овие 40 мерки промовирани за нешто повеќе од само два месеци, младите и досега имаа прилика да ползуваат многу мерки и проекти наменети за нив, меѓу кои се и субвенционирање на работни места за млади, бесплатно средно образование, бесплатен превоз и сместување во ученичките домови за средношколците, отворени се два нови универзитети, бесплатни лаптопи и таблет компјутери, огромното намалување на партиципацијата за студирање, изградба на нови и реконструирање на постојните студентски домови, превод на повеќе од 1.000 наслови од стручна литература по која се учи на најреномираните светски универзитети, нови спортски сали, културни домови и уште многу други проекти и мерки.
СДММ продолжува да ги следи стапките на СДСМ и да биде против новите домови за младите, новите спортки сали, бесплатен превоз, намалени партиципации, новите студентски домови, читални, стипендии, скејт паркови и уште низа други бенефиции.
СДММ ги следи проектите на СДСМ во кои е вклучен партискиот експерт Чауш и ароганцијата на Богоев, а не проектите кои се од нивен интерес. Тажно и погубно.
Затоа СДСМ губи 9 пати по ред на избори. Затоа на 5-ти јуни народот повторно ќе гласа за проекти и реализација, наместо за деструкција и манипулација.Реакција на соопштението на СДММ
Наместо да поздрават една мерка или проект за младите, Богоев и СДСМ продолжуваат со поли