За тоа кој придонел повеќе во привлекување странски инвестиции и отворање на нови работни места, најдобро говори стапката на невработеност. Денес стапката на невработеност е 25,5%, а во време на СДСМ изнесуваше рекордни 39%. Денес се отворени над 140 000 нови работни места во десетици инвестиции низ цела Македонија, а во време на СДСМ беа затворени 684 фабрики и беа оставени без работа над 200 000 лица.Интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ:
Денес во Македонија се реалност Кромберт и Шуберт во Битола, Џонсон Контролс во Штип и Струмица, Ван Хол, Амфенол во Кочани, Кемет електроникс, Витек, Маккарт во Велес, ОДВ електрик во Охрид, Гентерм во Прилеп, Техникал Текстајл во Штип, Антура во Кочани, Ендава, КСС во Кичево, Кофикаб, Ејпленд во Ресен, Гришко во Демир Хисар и уште десетици други производствени погони низ цела Република Македонија, но исто така реалност е и празната ливада во Сачево во која Заев најавуваше 300 фабрики и 3000 нови работни места.
Граѓаните можат лесно да ги видат делата на ВМРО-ДПМНЕ и неделата на СДСМ. Затоа СДСМ се нервозни и мораат да манипулираат со соопштенија. Изборите на 24 април како што се ближат, така СДСМ ќе станат поочајни и ќе мораат да пишуваат се повеќе лаги.
Но, тоа не им поминува кај граѓаните. Уште само 133 дена до суровата казна за деструктивната политика на СДСМ базирана на лаги и манипулации.Интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ:
Денес во Македонија се реалност Кромберт и Шуберт во Битола, Џонсон Контролс