Уште во ноември минатата година Министерството за одбрана одржа неколку состаноци со МВР на кои беше разговарано за можноста за вработување на професионалните војници во граничната полиција, за што начелно Министерството за одбрана доби согласност од МВР, стои во рекацијата на ВМРО-ДПМНЕ.Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Максим Димитриевски
Во февруари 2016, спротивно на сите претходни договарања и ветувања, МВР раководено од технички назначениот министер Оливер Спасовски се премисли и реши дека не сака да ги вработи кај себе професионалните војници.
Министерството за одбрана не дозволи теснопартиската политика на Оливер Спасовски да влијае на професионалните војници. Веќе е изнајден начин и по завршување на процедурите кои се веќе во тек, за само неколку недели овие војници ќе бидат вработени. Кога е во прашање модернизацијата на одбраната, СДСМ моли Бога граѓаните да имаат меморија помала од таа на златна рипка и да не се сетат дека само пред три дена СДСМ гласаше против модернизацијата на одбраната.
СДСМ беше против подобрување на квалитетот и нивото на одбраната. На седницата на парламентот на која беа нужни гласовите на опозицијата за да се изгласа намалување на данокот за армијата, СДСМ одлучи уште еднаш да се води од сопствените комплекси и да демонстрира некаква политичка моќ, ставајќи се себеси повторно пред интересот на Република Македонија.
Наместо да покаже државничко однесување, СДСМ на срамен начин ја стави државата во опасност и демонстрираше незамислива неодговорност. Затоа се срамни и проѕирни сите огромни лаги дека СДСМ ќе ја модернизирал одбраната и дека воопшто се грижи за интересот на Република Македонија и нејзините бранители. СДСМ се грижи само за спроведување на деструктивните сценарија кои и штетат на државата.
Во Собранието СДСМ одлучи и да не го даде својот глас за тоа професионалните војници да имаат повластена стапка на данок при купување станбен простор. И за оваа сопка од СДСМ Министерството за одбрана во соработка со одругите институции веќе работи на наоѓање на алтернативен начин за обезбедување поволности за војниците.
СДСМ постојано се коцка со животот на професионалните војници и се труди да им го отежне, ВМРО-ДПМНЕ постојано се труди да им го решава професионалниот и станбениот статус. Тоа е разликата која граѓаните ја знаат многу добро.
СДСМ може да продолжи да го покажува своето лицемерие и срамно поведение, меѓутоа конструкциите и измислиците од СДСМ не проаѓаат кај граѓаните.
Затоа СДСМ и по 10 години во опозиција има мизерен рејтинг од 15,7%. Изборите ближат. Народот ќе го казни СДСМ за ваквото срамно однесување.Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Максим Димитриевски
Во февруари 2016, спротивно на сите претходни договар